|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Инфективна мононуклеоза – болест на бакнежот

Редакција Рингераја, 1.12.2014
Инфективната мононуклеоза е една од болестите која предизвикува паничен страв кај родителите. Затоа решивме да ви ја приближиме

image
/11


 

Кој е предизвикувачот и како се пренесува?

Предизвикувач на мононуклеозата е вирусот од глупата Herpes (Epstein bar вирус). За преминување на болеста од болно на здраво дете, потребен е близок контакт. Понекогаш оваа болест се нарекува и болест на бакнежот, што е адекватен псевдоним, имајќи во предвид дека е неопходен поголем број на вируси за детето да се зарази. Бидејќи децата се често во близок контакт во колектив, вирусот релативно брзо се пренесува, па не се ретки мали епидемии. Вирусот првобитно се вселува во слузокожата на горните респираторни патишта, каде што се размножува. Потоа се шири во локалните лимфни јазли, а подоцна и во целиот организам – преку крвта.

 

Колку трае инкубацијата?

Инкубација – време од влегувањето на вирусот во организмот, до првите симптоми на инфекцијата, трае долго – од триесет до педесет денови. Затоа е тешко да се влезе во трага на почетокот на ланецот на инфекции. Бидејќи детето кое е извор на зараза, може да биде сосема здраво пред појавата на симптоми на болеста, за другите деца. Имајќи во предвид дека е потребна поголема количина  на вируси за ширење на заразата, нема големи епидемии на инфективната мононуклеоза.

 

Како се манифестира болеста?

Постои мало клиничко правило за мононуклеозата – колку е детето помало, послабо се изразени симптомите и знаците на болеста.

Во првите години од животот, инфективната мононуклеоза се манифестира како обична инфекција на горните респираторни патишта: течење на носот, црвенило на грлото, бели наслаги на грлото и зголемени лимфни јазли на вратот. Болеста често трае неколку дена и поминува, а родителите не ни знаат дека детето прележало инфективна мононуклеоза.

Колку е детето постаро, толку клиничката слика на болеста е потешка. Мононуклеозата најчесто започнува со некарактеристични тегоби: малаксаност, главоболка, мачнина, а после неколку денови се јавува висока телесна температура, болка во грлото, отекување на крајниците – кои се обложени со бели наслаги. На вратот најчесто се зголемуваат лимфните јазли, кои се често болни.

Педијатарот внимателно ќе го прегледа стомакот, бидејќи секое второ дете со инфективна мононуклеоза има  зголемена слезина, а кај 10-20% од децата, зголемен е и црниот дроб.

 

Колку трае болеста?

Траењето на оваа болест е индивидуално – од неколку недели до еден месец. Тоа зависи од имунолошката (одбранбена способност) на детскиот организам, но и од возраста на детето. Ретки се инфективните мононуклеози кои траат повеќе од 4 недели – тоа значи дека болеста се искомплицирала.

 

Какви компликации можат да настанат?

Вирусот кој ја предизвикува мононуклеозата циркулира низ цело тело, а посебно сака да влезе во лимфното ткиво, кое го има во скоро секој детски организам. Скоро секогаш е присутна блага форма на воспаление на ткивото на црниот дроб, што е проследено со пораст на ензими  кои се наоѓаат во клетките на црниот дроб. Вистинскиот хепатитис за среќа е многу редок.

Исклучително ретко вирусот може да го нападне и срцето,кога се јавува миокардит. Тогаш детето изненадно малаксува, изгледа доста лошо, па брзо ќе стигнете на лекар. Ова се случува многу ретко, а компликации на нервниот систем за среќа се уште поретки.

 

Како се лечи?

Не постои вистински лек, кој ќе го елиминира вирусот.

Затоа се дава т.н. симптоматска терапија: се симнува температурата, детето мора да лежи – нема излегување на прошетка, а потребна е лесна храна и многу течности.

Ретко е потребно детето да се хоспитализира – тоа е неопходно само во случај на тешка форма на болеста, што е ретко.

 

Дали се потребни антибиотици?

Инфективната мононуклеоза е вирусно заболување, па не се лекува со антибиотици. Сепак антибиотиците често се даваат напамет, што е секако погрешно. Обично високата температура и наслагите на крајниците се сфаќаат како ангина, па се започнува со давање антибиотици. Интересно е што преку 80% од децата со инфективна мононуклеоза добиваат осип по кожата после давањето на полусинтетички пеницилински препарати. Тоа не е алергиска реакција на пеницилинските препарати, туку една од карактеристиките на болеста.

Доколку лекарот се сомнева дека покрај оваа вирусна болест можеби има и некоја бактерија во грлото, ќе земе брис кој ќе покаже дали детето има и бактериска инфекција.

 

Кога детето може да се врати на нормални физички активности?

Тука се “кршат копја” меѓу педијатрите, кои се занимаваат со овој проблем, но повеќето сметаат дека барем четири до шест недели по потполното излекување е доволно за детето да се врати во акција. Ова важи за некомплицирана инфективна мононуклеоза – значи за повеќето деца.

Ако децата се занимаваат активно со спорт, пред враќањето на терен неопходен е преглед од педијатар. Потоа се дава зелено светло за продолжување на тренинзите. Секако, по 4-6 недели.

Повеќето родители слушнале дека инфективната мононуклеоза е “гадна и опасна” болест. За среќа, кај поголем број од децата болеста поминува по 10-15 дена и не остава последици.

Одморање, лесна храна и трпение од детето и родителите е скоро секогаш доволно за лечење. Контролата од педијатар е задолжителна, баш како и стручна потврда дека детето оздравело и дека е подготвено за продолжување на вообичаените активности.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

5 совети за првиот циклус
Првиот циклус кај девојките може да биде збунувачко и понекогаш малку стресно искуство, но тоа е природен дел од растење...
6
Игри за поттик на интелегенцијата кај децата
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во ф...
4
Добро е да имате тврдоглаво дете?!
Да се има тврдоглаво дете понекогаш е навистина исцрпувачки. Од друга страна, убаво е да се има непослушно и немирно мал...
3
„Моето семејство“ - проект на МТСП
Државата ќе ги обучува самохраните мајки и семејствата во ризик да не се откажуваат од своите деца
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali imate uslovi da vdomite napusteno milenice?

Da (17%)

Ne (83%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!