|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Играта е пат преку кој децата учат

Креативна библиотека за деца, 12.3.2021
Играта е активност која помага и го исполнува секојдневниот живот на детето. Таа помага во процесот на подготовка на детето како на физички така и на когнитивен начин

image
/11


Кога на прв поглед ќе погледнеме дете како игра со неговите коцки или пак го вози неговиот автомобил, учи да скока на јаже, ние помислуваме како тоа дете всушност се забавува, иако сите тие активности не се само забава тие се процес на учење преку кое детето се развива и напредува во сите аспекти од животот. Сепак, она што може да изгледа како едноставна забава е всушност многу важна работа. Кога децата ја користат својата имагинација во играта , тие развиваат клучни психолошки и емоционални капацитети кои им помагаат да го разберат светот во кој живеат, а пред се тие учат да решаваат проблеми, да создаваат нови можности, дури и да го менуваат светот. Играта е почетниот пат преку кој децата се надоградуваат. Играта не само што има централно место, туку е и круцијална за детскиот развој. Како што расте и се развива детето, така неговата игра се менува. Ако се опсервираат две деца на различна возраст, ќе се забележат разлики во начинот на нивната игра. Процесот на игра има и терапевтска улога

Што детето може да постигне преку играта?

  1. Играта ни помага до можност и создавање на визуелна слика, која му овозможува на детето да истражува без ограничување.
  2. Преку играта кај детето се поттикнува неговата имагинација. Силата на имагинацијата на детето може да го претвара гранчето во волшебно стапче, картонската цевка во телескоп, перниците во замок итн.
  3. Во играта детето ја формира својата идеја за светот, развива апстрактно размислување, пробува различни модели на улога и експериментра со јазикот
  4. Играта помага во креативноста на детето (на пр. Со што може да изгради кула, да направи авион , прекрасни цветни декораци итн.)
  5. Помага и дава можност да се изрази и да се запознае со своите чувства.
  6. Играта е првиот пат преку кој детето учи да воспостави правилна комуникација
  7. Ги усовршува своите вештини и се труди да го постигне онаа што сака.

На кој начин да помогнете на децата во прифаќање на играта

Играта понекогаш може да биде потешка за одредени деца, посложена, не доволно прифатена и треба време и простор во самата реализација. Најчесто кај децата можаат да се појават одбивности при прифаќање на одредена играчка или активност.  Дел од нашите совети се:   

  1. Ако вашето дете влегува за прв пат во игровниот свет,  а не ги прифаќа осветлувачките, меките играчки, играчките кои можат да бидат вистински предмети (клучеви, далинско, перница,облека..)се доста корисни и можат да бидат дел од првото запознавање на вашето дете со предметите.
  2. Како што напредува играта, на детето може да му се обезбедат основни играчки кои можат да служат за разни намени и не се директно поврзани со предмети од реалниот живот. Картонска кутија може да игра улога на вселенски брод, куќа или автобус. Хартиена ролна може да биде телескоп, микрофон или тунел, на пример. Дозволете му на детето да ја води играта  - можеби ќе бидете изненадени од оригиналните идеи што ќе ги понуди.
  3. Читањето книги со бајки и приказни често ги охрабрува децата
  4. Работата со уметнички материјали како боички, ножици, четки за боја, играње тесто и боја промовира фини моторни вештини и координација на очите и рацете.
  5.  Креативноста е честопати општествен чин. Пеењето, танцувањето, кукленството и театарот, сите го учат детето да обрнува внимание на другите, како и да го  развие разбирањето за општествените правила како давање и земање .

 

Играта може да биде кратка и да се игра еден ден или пак долга и да трае одреден период. Ако сакате да му донесете радост на детето, обезбедете му простор за игри, што е само негово. Агол од таванот, мал шатор или картонска куќа сместена во неговата соба. Така, тоа ќе има своја територија и благодарение на својата фантазија, ќе се препушти на чудесните авантури. Повеќе совети за вашето дете , или идеи за активности можете да погледнете на нашата страна “Креативна библиотека за деца”

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ти се уште си прекрасна мајка, иако...
Модерно родителство: Кога тоа стана толку конкурентна дисциплина? Од кога е секој ден нов предизвик? Дали е тоа бидејќи ...
5
Нашите деца растат во “all inclusive” аран...
За некоја година, кога нашите деца ќе бидат постари, ќе се жалат дека премногу сме ги сакале, дека не сме ги научиле как...
4
Мамин син?!
Овие мајки несвесно се плашат дека ќе станат непотребни и бескорисни, без никаква смисла за животот, кога син им ќе пора...
4
Необични знаци дека имате надарено дете
Тие се разликуваат од останатите деца во тоа дека од рана возраст пројавуваат интерес кон науката, уметноста, покажуваат...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?