|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

И Хари Потер носи наочари...

Редакција Рингераја, 11.11.2010
Излегувате од лекарскиот кабинет, заедно со своето дете и се чувствувате многу збунети. Очниот лекар даде категорично мислење : Вашето дете треба да носи наочари, а сеуште нема три години.

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Во овој случај загриженоста на родителите е во неколку насоки. Покрај загриженоста за состојбата со видот на детето, родителите се загрижени и за неговиот естетски изглед (како ќе го прифатат другите деца) и практично (Ви се чини невозможно Вашето дете да ги чува наочарите здрави дури и еден ден). Сепак прифатете ја ситуацијата мирно...

Ако не постојат загрижувачки симптоми, најдобро е детето да го однесете на контролен преглед кај офталмолог кога е на 2 и пол годишна возраст. Тогаш веќе е доволно комуникативно и прегледот ќе помине добро. Но ако некој од родителите во детството страдал од страбизам, или други визуелни патологии и во моментов е со голем диоптер, детето треба да се однесе на специјалист. Наследни елементи постојат, но не е задолжително да се појават.

Знаците за проблем со видот кај децата се многу. Меѓу нив е искривувањето на едното или двете очи, а кај децата по 4-месечна возраст и често трепкање. Ако забележите дека малото дете се крие од светлина, не следи предмети и подвижни објекти, гледа телевизија од премногу блиску, или предметите ги доближува премногу блиску до очите, најдобро е да се консултирате со офталмолог. Прегледот е потребен и ако зеницата на детето не е црна, или ако двете зеници не се еднакви по големина.

Постојат деца кај кои е задолжителен очниот преглед веднаш по раѓањето и истиот е од суштинско значење за нивниот живот. Ова се прави кај предвреме родените бебиња кај кои ризикот за ретинопатија (оштетување на мрежницата) е висок. Причината е дека при предвремено раѓање крвните садови во мрежницата на окото сеуште не го достигнале својот максимум во развојот, па постојат неухранети зони. Надвор од мајчината утроба, во услови на надворешната средина развојот на овие садови нема да биде со ист квалитет. Затоа од особена важност е секое предвреме родено бебе да биде прегледано од очен лекар (за жал оваа пракса не се применува во сите болници во Македонија) На тој начин специјалистот проверува до која мера се развиени садовите во мрежницата на окото и може да се преземат соодветни мерки ако резултатите се неповолни. Кај голем дел од случаите на ретинопатија кај предвреме родени деца, во рана фаза на откривање на болеста компликациите се спречуваат и болеста регресира.

Страбизмот е друга болест на очите и најраспространета е кај децата до 3-годишна возраст. Застапена е дури кај 2% од децата. Третманот при страбизам е комплексен и треба да се започне што е можно порано. Не е потребна операција во сите случаи, но доколку е потребна тоа е важен чекор во отстранување на проблемот.

Друга болест на окото, за која е потребна корекција и третман е астигматизмот. Астигматизам е состојба кај која светлосните зраци не се прекршуваат подеднакво во сите меридијани на окото. Во полза на поделбата, дефинирани се два замислени меридијани на окото, нормални еден на друг. Името астигматизам е од грчко потекло и значи “без точка”. Постои и физиолошки астигматизам кој не го попречува нормалниот вид. Од одредени вредности нагоре сепак мора да се коригира со наочари.

Кога ќе го слушнат зборот “наочари”, за своето двегодишно дете, родителите со загриженост се прашуваат “Дали навистина е потребно?” “Не може ли да се почека до моментот кога ќе почне да чита и пишува”.

Човекот не се раѓа со 100% вид. Тоа е процес што се развива и својот максимум го достигнува меѓу 5-та и 7-та година. Затоа наместо да се пристапува со предрасуди кон наочарите, потребно е да се запамети дека тие му овозможуваат на детскиот вид да се развива. Успех постигнуваат само  родители со цврсти ставови.

За да ги заштитите очите на Вашето дете намалете му го времето поминато пред телевизор. Не користете очила за сонце! Потребен е само шешир со поширок дијаметар, кој ќе ги штити очите од директна сончева светлина.

Смирете се. Ако Вашето дете треба да носи наочари, тоа е болка која брзо се преживува. Храбриот Хари Потер може да Ви го потврди истото...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
5
Тајната на послушните деца не е во казните
Многу родители се прашуваат како да ги воспитуваат децата така што тие ќе прават добри избори и со самото тоа ќе бидат д...
4
Бракот по децата
Раѓањето на дете е еден од најубавите, но и најголемите предизвици за секој пар.
4
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават повторно физичка и емотивна близина, која ја имале пр...
4




Анкета

Бебе.
Admin

За долниот дел на вашето бебе, дали користите само крем или само пудра или и двете во исто време?

Не користам ништо. (0%)

Само крем. (0%)

Само пудра. (0%)

И двете во исто време. (0%)

Некогаш крем, а некогаш пудра за промена. (0%)


Број на сите гласови: 0

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!