vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Масажата може да биде терапија, но и одличен начин за превенција. Го ослободува телото од напнатост, ја поттикнува циркулацијата, го ублажува стресот, се бори против несоница, го разградува целулитот и создава хармонија помеѓу телото и духот.
Со развојот на медицината масажата се изучува, развива и применува во лечење на разни проблеми и тегоби. Таа ја враќа рамнотежата на телото и мускулите, ги прави поцврсти и еластични, ја опушта психата и ја поттикнува сензуалноста… Сите врсти масажи на организмот делуваат терапевтски и релаксирачки. Најпобарувана е релакс масажата.
Врз основа на моето искуство можам да кажам дека луѓето се повеќе водат грижа за своето здравје, но тоа сеуште е многу далеку од тоа колку би требало и колку се работи надвор од нашите граници. Мислам дека за тоа не се проблем само парите, туку и нашата немарност и непостоење култура за нега на телото и водење на здрав живот. Во зависност од тоа дали имате некој проблем или само сакате да му угодите на својот организам, одберете врста на масажа која вас најповеке ќе Ви одговара.
Често се случува луѓето кои се под константен стрес, поради работата или други животни проблеми, научуваат да живеат во грч. За нив напнатоста е вообичаена состојба на душата и телото, па и не сметаат дека треба нешто да преземат. Кога ќе осетиме немир, потреба да отпатуваме или на некој друг начин да го освежиме нашиот живот, масажата може да биде првиот чекор кон нормализирање на нашата состојба.
Една од многуте популарни масажи во светот, а и кај нас е релакс масажата. Може да се прави и до три пати неделно, а се препорачува задолжително еднаш неделно.
Таа е хигиенска масажа која првенствено има превентивен карактер - да превенира одредена состојба: миофиброзитет, згрчени мускули, да овозможи подобар проток на крв, снабдување со кислород на целото тело, детоксификација на организмот.
Релакс масажата треба да биде составен дел од секојдневниот живот на секој човек.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнув...
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репр...
Телото по породувањето не е исто. Еве што е нормално
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хор...
IVF (ин витро оплодување) се препорачува кога постои проблем со зачнув...
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...