vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
По неполна година во врската со Justin Theroux, глумицата Џенифер Анистон е конечно бремена. Според написот кој го објави Магазинот Star, славната глумица носи близнаци.
Парот веќе подолго време работи на бебе, но како не им се посреќило од прва, Џенифер наводно земала терапија за плодност, која неретко предизвикува повеќеплодна бременост.
Блиските пријатели на ѕвездата од "Пријатели" потврдија дека Џенифер престанала со пушење и последните неколку месеци не консумира алкохол.
Ова не е прв пат да се шпекулира за нејзината бременост. Но, нејзините гласноговорници, кои порано ги демантирале ваквите изјави, овој пат не го сториле тоа. Џенифер наводно го чека третото тромесечје од бременоста, за да ја изнесе информацијата во јавност, а според магазинот Star, нејзиното семејство е воодушевено заради доаѓањето на новите членови.
Извори блиски до глумицата наведуваат дека Џенифер е сигурна во својот избор на партнер и дека не чекале долго за да го прошират семејството. Неодамна американските медиуми пишувале дека Џенифер толку опсесивно сака да остане бремена, што Justin се пожалил дека нивниот љубовен живот личи на научен експеримент.
Славната глумица по разводот со Brad Pitt немаше многу среќа во љубовта, а во повеќе наврати изјавуваше дека сака да стане мајка.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да препознаете дека некој навистина ве сака?
Љубовта не се препознава само по убавите зборови, романтичните пораки ...
Зошто забременувањето понекогаш трае подолго?
Многу парови очекуваат бременоста да се случи веднаш штом ќе почнат да...
Дали кашлицата е болест или симптом?
Кашлицата е еден од најчестите здравствени симптоми кај децата и возра...
Тајните на нашиот код. Што се ДНК, хромозоми и гени?
Дали некогаш сте се запрашале како бебето ги наследува бојата на очите...
Дали често се лутите и навредувате?
Лутината е природна емоција што сите ја чувствуваме. Но, кога често се...