|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Господарот на моето срце

Слаѓана Арсоска, Pepelaska RR, 24.8.2012
Дневникот на Pepelaska RR

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Секоја жена од малечка сонува дека еден ден ќе си го најде својот принц. Сите сме пораснале со Пепелашка, Снежана, Заспаната Убавица… Сите сме посакале еднаш во животот да бидеме принцези, да имаме живот како од бајка.

Како што созрева жената се труди еден ден да си го најде одамна посакуваниот принц, да си создаде семејство и да си живее живот можеби навидум сличен на оној кој си го замислила како дете. Да и јас го најдов мојот. Само, после многу години поминати заедно се појави еден друг принц кој навистина ми го освои срцето со само еден поглед. Доволна беше една прегратка која ни вети љубов до крајот на животот. Тој знае да ме насмее до солзи. Тој знае да ме расплаче и да ми ја распара душата ако видам само една солза во неговите очи. Нему не можам да му се лутам за нередот кој го остава зад себе. За него можам  и да не спијам цела ноќ , а утрото да го почнам со насмевка и смеење. За него можам да отидам на крај на свет и да тропам на секоја врата ако некогаш му треба нешто до кое не би можело лесно да се дојде. Нему не му е важно дали имам вишок килограми или изгледам како модел од насловна страна, дали сум средена и дотерана или трчам со него,  пак во старите тренерки. Со него можам да се вратам во детството, да се шлапкам во вирчиња, да правам кули од песок, да играм со топка, да трчаме заедно, да правиме безброј детски работи без некој чудно да ме гледа. Откако го имам него знам дека никогаш нема да бидам тажна.

Неговата прегратка ја лечи секоја болка. И посакувам на секоја жена да добие ваков принц. А на секој маж ваква принцеза :). А може и обратно.   Зашто само детските срца знаат да сакаат искрено и невино, само детските очи знаат да те насмеат и расплачат од срце. А кога во животот ќе добиеш мало невино ангелче, неговото Те сакам ќе биде целиот твој живот. Тој или таа засекогаш ќе бидат господари на твоето срце.

 

Ваша Pepelaska RR

 

 

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали ќе бидам добра мајка?
Прашањето „Дали ќе бидам добра мајка?“ си го поставуваат многу жени, особено пред раѓањето на првото дете.
21
Штедење од најрана возраст – да или не?
Штедење од најрана возраст – дефинитивно да! Но, тука не зборуваме за она „штедење под душек“. Напротив. Зборуваме за от...
6
ЖИВ МОГЛИ! Девојче израснато во џунглата
Најдобри пријатели и се дивите животни, се капи со крокодили, а слонот е нејзин брат! Ова е сосема обично девојче, со не...
5
Што да направите кога детето е мета на исм...
Кога детето ќе стане мета на исмејување, навредување или потсмевање, родителите често прво чувствуваат лутина и беспомош...
4




Анкета

Dali?
Jana9

Dali preferirate aerobik?

Da (40%)

Ne (60%)

Ponekogas (0%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!