vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Тие ја крунисаа нивната осумгодишна врска во прекрасна атмосфера во присуство на нивните најблиски пријатели и семејствата.

Шармантната Јелена Ристиќ изгледаше прекрасно во венчаница без прерамки од лесен материјал што лежерно паѓаше од градите надолу и изгледаше уште послатко со оглед на тоа што таа е веќе во шестиот месец од бременоста.

Како што и се очекуваше, на островот пристигнаа бројни странски и балкански новинарски екипи, а меѓу оние кои добија можност да направат ексклузивни фотографии беа и британскиот „Дејли Меил“ и „Хелоу“ магазинот во кој и ќе бидат објавени официјалните фотографии.




За луксузот и раскошот во кој се одвивала целата церемонија говори и самото тоа што познатиот тенисер го откупил целиот остров само за оваа пригода, а се шпекулира дека за тоа издвоил околу 2, 5 милиони евра.
Новак и Јелена го очекуваат нивното прво дете во октомври, а според досегашните информации тие очекуваат син.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнув...
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репр...
Телото по породувањето не е исто. Еве што е нормално
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хор...
IVF (ин витро оплодување) се препорачува кога постои проблем со зачнув...
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...