Женско си. И тоа ти е најголемиот подарок од животот.
Само ТИ како жена можеш на свет да донесеш нов живот.
Благословена си.
Трпиш многу болки,за на крајот кога ќе го земеш твојот свет во раце да кажеш,па тоа не е ништо.
Е,мила моја,тоа е големо НЕШТО.
Си го донела на свет твоето малечко кое девет месеци си го носела под срцето, си го раѓала со часови во огромни болки,си му подарила живот,и за тоа велиш не е ништо?
Ќе бдееш над него ноќе и кога спие и кога не спие,затоа што ти си МАЈКА.
Ќе плачеш кога тоа плаче, затоа што ти си МАЈКА.
Ќе се обвинуваш себеси за неговата настинка, затоа што ти си МАЈКА.
Ќе умираш за спиење кога ќе се разбуди ноќе и ќе ти каже мамо не ми се спие,но не заборавај ти си МАЈКА.
Ќе го бакнуваш удреното колено да помине, затоа што ти си МАЈКА.
Ќе готвиш 10 пати во денот за да изеде барем две лажички, затоа што ти си МАЈКА.
И кога еден ден ќе одлета во своето ново гнездо, ќе сфатиш дека се би направила повторно за да биде дете и да можеш повторно да бдееш над него ноќе и да го гледаш додека спие.
Но ти си МАЈКА мила,ти ќе бидеш со него и кога нема да си таму.
Биди среќна што си жена, затоа што во жената е силата!
Биди среќна што си МАЈКА, затоа што мајката е силата!
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Моите деца не ме слушаат!
Не е важно колку пати ќе им кажам на децата да направат нешто, освен ако не направам нешто драматично, како гласно викањ...
3
Колку се опасни пилулите за контрацепција?
Иако е докажано дека хормонските пилули се најсигурна заштита од несакана бременост, се почести се предупредувањата дека...
3
Децата и самостојноста
Многу често се случува децата до тргнување на училиште да не знаат да си ги врзат чевлите, патиките, да ја закопчаат јак...
3
Мебел за детска соба
Сите родители доаѓаат во период кога на детето креветот му станува премал, а играчките се посложени. Време е на детето ...
3