vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Не само пилулите, туку и другите хормонски средства, го зголемуваат ризикот од тромбоемболија. Тоа се однесува и на последната, четврта генерација на пилулите за контрацепција, за која се сметаше дека е најсигурна од сите досегашни.
Таа пилула содржи дроспиренон, молекул со благо диуретско дејство, кој спречува наталожување на вода во организмот. Тоа е една од причините зошто овие пилули се исклучително популарни во светот. Меѓутоа, во последно време расте стравот од ризикот кој го носат овие пилули, кој според некои истражувања е поголем од ризикот кој го носеа пилулите од претходната генерација.
“Кон крајот на минатата година објавени се резултати на две истражувања кои покажаа зголемен ризик од тромбоемболија, дури алармантно поголем кај жени кои се стари или крупни”.
Тие бројки се многу значајни кога ќе се земе во предвид фактот што близу милион жени во светот користат контрацептивни пилули и дека повеќето од нив преминале на новата генерација. Тие пилули инаку не се користат само за контрацепција, туку и како терапија за низа проблеми со менструалниот циклус, па се до предменструален синдром и лечење на акни.
Опасноста која сега е откриена во пилулите од четвртата генерација е толкава што американската агенција за храна и лекови FDA бара од лекарите да направат прецизна анамнеза на пациентката пред да и препишат контрацептивни пилули. Мора да се знае дали жената имала случаи на пулмонална емболија или други видови на тромбоза во семејството, генетски аномалии кои го зголемуваат ризикот од тромбоза, дали има висок притисок, дијабетес, мигрена, вишок на килограми...
Сето тоа се контраиндикации за новите пилули за контрацепција. Утешно е тоа што тестовите кои покажале ризик се работени на поголеми дози: 30 микрограма дроспиренон, додека таблетите содржат 20 микрограма.
Извесно е дека голем број на жени ќе се откажат од земањето на анти – беби пилули, заради новите сознанија. Тоа сепак не е толкав проблем, бидејќи на лекарите им стои на располагање цела лепеза средства за контрацепција, дури и хормонални, од што можат да го изберат она што најмногу и одговара на пациентката. Секако, од пилулите не треба да се откажувате заради стравот бидејќи гинекологот е тука за да Ви најде адекватна и безопасна замена.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете соодветен метод за контрацепција?
Не постои еден метод за контрацепција кој е најдобар за сите жени. Она...
Гестацискиот дијабетес е состојба во која нивото на шеќерот во крвта с...
Најчести причини за потешкотии со зачнување
Кога бременоста не се случува веднаш, сосема е природно да се појават ...
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...