|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Едно од три деца во Македонија е дебело

Редакција Рингераја, 20.11.2017
Едно од три деца во Македонија е со зголемена телесна тежина. Според податоците на УНИЦЕФ, 14 отсто од момчињата на 11-годишна возраст во Македонија се со зголемена телесна тежина во споредба со четири отсто во Европа

image
/11


 

Претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс изјави дека едно од три деца во земјата е со зголемена телесна тежина. Причините за зголемена телесна тежина кај децата се комбинирани. Нутриционистите сметаат дека улогата на исхраната е 80 отсто, додека физичката активност е 20 отсто.
 

Во сите училишта во земјата учениците од четврто до деветто одделение денеска беа запознати со здравиот начин на исхрана, како една од целите на ОН. Министерката за образование и наука Рената Дескоска и претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс во основното училиште.

Аврам Писевски во село Бардовци присуствуваа на одделенски час со деца од четврто одделение посветен на здравиот начин на исхрана.

 Настанот, како што кажа министерката, е во контекст на заложбата заедно со градоначалниците да се преиспита квалитетот на храната што им се нуди на децата во училиштата. Дескоска најави дека во рамки на измените на законите што ќе бидат пуштени во собраниска процедура во догледно време ќе бидат внесени одредби што ќе значат казни за оние училишта каде не се почитува Правилникот за храна.
 Правилникот е направен од нутриционисти со даден сооднос каков тип на храна треба да им биде понудена на учениците.
 Важно е каква храна се внесува во училиштето но и дома, а децата, посочува претставникот на УНИЦЕФ, на пат до дома консумираат и брза храна.
 Правилната исхрана придонесува не само за физичкото здравје туку и за развојот на мозокот, за учењето, за правилниот раст, освен тоа не се работи само за количеството на исхрана, туку и за неурамнотежена исхрана, посочи Перкс.
 Нутриционистото Сашко Дрвошански нагласува дека треба да се консумира храна во природна форма односно онака како што доаѓа од природата.
 Дали станува збор за растителните производи, овошјето и зеленчукот, или за производите што се од животинско потекло, сите тие треба да бидат вклучени како прехрамбени продукти секојдневно, затоа што сите носат различни нутриенти. Целта е храната да биде во најголема мера природна што помалку да ја обработуваме. Важно е многу поголем внес на овошје и зеленчук во секојдневната исхрана во вид на свежа ужинка и во вид на салати, рече Дрвошански.
 <p>Најголемиот глобален час, чиј дел е и Македонија, е иницијатива на светско ниво за запознавање на децата и младите со глобалните цели за одржлив развој и за поттикнување нивно активно учество во остварувањето на овие цели.
 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Научете го детето да користи нокшир
За Вашето дете нокширот е нешто сосема непознато. До моментот додека не почнавте да го споменувате и додека детето ги и...
3
Детската игра – повеќе од забава. Зошто е ...
Кога ќе ги видиме како трчаат, скокаат, цртаат, измислуваат светови, можеби мислиме дека децата „само си играат“. Но вис...
3
Нова рубрика: Бебешки приказни
Рубриката Бебешки приказни е сработена во соработка со утринската програма на Телевизија Сител - Журнал.
3
Посебна мајка
Споделете го ова со сите мајки! Можеби и не знаат колку се совршени!
3




Анкета

Миење на долниот дел.
пеперутка16

Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?