|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
или...несреќа и среќа на некои жени...Едно од моите сеќавања на животот на Блискиот Исток

image
/11


 

Не бев лута на својот маж затоа што еден друг маж на својата жена ладно и купи прстен со сафири и дијаманти за “поволни” 900 US долари и уште едни обетки и огрлица за не-знам-колку-пари...

Не бев лута на маж ми ни затоа што не беше тука.

И тука ништо немаше чудно.

 

Децата треба да се платат

Чудно беше што сите жени (освен Анарела), чии што мажи не беа тука, беа лути на нив.

Прво помислив дека ми се причинува.

Тогаш помислив дека можеби не ми се причинува, туку дека на лицето на мојата омилена личност, во овој сиромашен избор на женско друштво, Евелин од Ирска,  гледам бескрајна разочарувачка љубомора.

Тогаш помислив дека имам дрска фантазија.

И дека треба да се срамам бидејќи се' интерпретирам онака како што ми е забавно.

Посебно во ситуации како оваа, кога ми е досадно, но сеедно се дружам.

Тогаш таа рече:

- Вака не може. Мислам, тој нејзе туку така и купува толку накит, а јас родив пет деца во три години и не добив ништо. Мислам, стварно нема смисла...И јас сакам прстен.-

Јас сфатив дека ова нема никаква врска со мојата фантазија.

Сфатив дека Евелин е лута.

Дека толку е бесна, што всушност е на граница да заплаче, како утрово што плачеше кога идевме наваму.

Можеби е во ПМС?

Но од каде и се такви мисли?

Како нејзините прекрасни деца да ги родила за да направи добро дело, па сега маж и треба да ја накити со куп злато и драги камења, за да и се заблагодари?

Или можеби имаат таков обичај во Ирска?

Само ни Shoe, ни O'Brienova ни Wilde, не зборувале за тоа, па не знаеме?

Да се кити жената со злато и драги камења кога ќе роди дете?

- Сакаш дијамантски прстен?-

Всушност не знам ни зошто ја прашав, кога беше толку очигледно. Сигурно ништо поразумно не ми падна на памет.

- О, да! – ми одговори. Одлучна и бесна.

И јас себеси си одговорив дека има право да сака.

Единствено не сфатив зошто е бесна.

На својот добар и верен сопруг кој е грижлив татко на трите нејзини деца?

Затоа што тој не и купил прстен со сафири и дијаманти и останати џинџири-минџири?

Сигурна си дека доаѓаш од истата земја како и Bono Vox?

 

Само шопинг!

Стоевме во станот на Џон каде што само за нас е направена оваа продажбена изложба, иако всушност сакавме да видиме фабрика за накит.

Јас пиев чај и пред целата оваа приказна мислев дека би можела да пробам еден пар сребрени обетки. Ако ми се даде.

Рима, таа чии што маж предизвика бес кај мојата пријателка од Ирска, конечно излезе од гужвата која се направи околу масата со накит и ја викнав да ми го покаже прстенот. Беше толку воодушевена. Горделиво ја испружи раката.

Рима е од Либан.

Маж и ја нашол таму пред 11 години и ја одвел во Норвешка. Имаат две деца. Многу е мила. И искрена.

Јавно кажа дека не сака да оди на излети кои подразбираат обиколка на ископини и слично. Бидејќи тоа не ја интересира. Единствено ќе се приклучи на организираните шопинзи. Можеби и на некаква модна ревија. Или на групна посета на третман за разубавување.

Во мај, ни објасни, ќе слават десет годишнина од бракот. Во Норвешка е, објаснуваше понатаму, многу важна секоја годишнина која е делива со пет. Прстенот е купен по тој повод.

- Ќе дојдеш ли утре на вечера? – ја праша Барбара држејќи и ја раката.

Дури тогаш забележав дека Рима има на себе многу накит.

Постои некаква разлика.

Не знам каква, но на источњачките жени некако поженствено им стои накитот отколку на другите.

Рима климна со главата.

Не ја викна кај себе на вечера.

Ние секој петок имаме заедничка вечера.

- Стави го прстенот, те молам. Да го види маж ми. – и ја објасни својата причина Барбара.

Австријанка. Исто така лута.

И таа има две деца. Има стар маж.

Можеби и Австралијанците ги китат своите жени со накит кога ќе им родат деца?

- Да..И мојот..- ја поддржа и Кетрин од Англија која неодамна ни се придружи и која не ја познаваме доволно. И таа има две деца.

Во комбето, кога патувавме наваму ни раскажуваше дека сака да роди и трето иако има 38 години. и таа беше некако лута. А си купи две златни ланчина.

Ја пребарав просторијата со поглед. Анарела и нејзиниот маж Јохан, белгиски пар, се шетаа наоколу. Тие се познати циции и се за нив ни е познато на сите.

- Повеќето мажи ќе бидат лути на тебе – му реков на мажот на Рима, кога ни се придружи.

Пред тоа мислев дека е грд и арогантен. Ароганцијата од неговото лице ја симна озареноста кога со долари ја усреќи жена си.

Ми се причини дека го почитувам затоа што знаеше начин.

И освен тоа што чувствував како некој да ме телепортирал во епизода од теленовела, во која наместо шпански се говори не изворен англиски јазик и што оваа сапуница, како и новите сознанија за жените кои се моите единствени обиди за другарство овде, ме збунува, се обидував да сфатам зошто мажите се женат за жени кои воопшто не ги познаваат. Односно, зошто жените се мажат за мажи кои не се способни да ги направат среќни, бидејќи не го знаат вистинскиот начин?!

Во што е штосот?!

Во очајот?!

Во лажното претставување?!

Од мислите ме оттргна звукот на мобилниот телефон, кој ме потсетуваше дека имам пропуштен повик. Беше од маж ми. Му се јавив и малку си поразговаравме.

- Ќе си купам обетки – му реков- сребрени, мали, чинат пет долари.

- Добро- рече.

И ги купив.

И размислував колку ми е жал што утрово му се налутив на маж ми што повторно ми ги даде сметките, со кои не знае што да прави.

Мислам, тоа навистина ме нервира и мислам дека имам полно право што ме нервира, но...

Мојот маж знае дека никогаш нема да измами таков озарен израз на моето лице, со дијаманти. Ни со било какви драги камења и метали.

Мојот маж знае дека јас би пронашла многу рационални и нерационални, забавни и помалку забавни  начини за да ги потрошиме тие пари.

Мојот маж ги знае сите драгоцени начини за да ме стави на пиедесталот на својата душа.

Се возевме назад во комбето и се обидувавме да разговараме за децата и целулитот...Но ниедна дама не ја заборави “инвестицијата” на Норвежанинот.

Сите и понатаму беа лути на своите мажи.

Беа разочарани.

Јас молчев.

Разочарана во нив.

Ме тешеше мислата што во овој град живее и Абир.

И се надевав дека таа не е лута на својот маж денес...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Избираме најубава творба: Тина Јовановска
Видео на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати мајката на Тина Јовановска
5
Во детскиот свет - креативни креветчиња!
Сонуваме за прекрасни нешта, сонуваме за убави мигови, фантазијата ни работи со полна пареа. Погледнете ги овие креативн...
5
Детска непослушност: Ти не си ми шеф!
Непослушност. Она што најмногу ги мачи родителите. Вие треба да сте главни, нели? Но што правиме кога не можете да се сп...
4
Не разговарајте со мене додека детето има ...
Не ме осудувајте. Не ме гледајте попреку. Не си замислувајте дека со еден шепот можете лесно да го решите проблемот. На ...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?