Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Хороскопскиот знак во голема мера го определува начинот на однесување на детето од неговото раѓање, се до поголема возраст.
(0-2 години)
Малиот Лав е дете на Сонцето, кое зрачи со радост и им привлекува внимание дури и на случајните минувачи – уште на возраст од само неколку месеци. Тоа се оние бебиња кои се смешкаат, гугаат и тапкаат со малите рачиња, за да добијат воодушевување и внимание дури и од непознатите лица. Малите итри дечиња, ја следат секоја новост во своето опкружување и дури и кога прават нешто што не треба, ги шармираат своите родители. Задоволни се кога се опкружени со повеќе личности околу себе. Доколку не им се остави можност за избор за било што, жестоко се бунат и реагираат со хистеричен плач. Сакаат сами да го избираат начинот на кој ќе ги спроведуваат дневните активности.Најголем противник во нивното воспитување е досадата, затоа бидете динамични во движењата, бидејќи ако на детето му е досадно, ќе откаже послушност.
(2-4 години)
На оваа возраст, малите деца родени во знакот на Лав, имаат голема потреба за социјализација и дружење. Тие се душата на групата во градинките. Многу лесно ги прифаќаат своите врсници. Ќе бидат малку побавни во учењето и запомнувањето на нови податоци, но затоа се многу темелни и запомнуваат трајно. Најдобро помнат кога учат за кралеви и јунаци, па со “Кралот Лав” сигурно нема да погрешите. За да не дојде до негативен став кај ова дете, секогаш почнете од позитивна приказна, дека тоа што треба да го направи е добро и убаво за него.
Бидејќи овие деца се склони да ги воспитуваат своите родители, заземете смирен став и јасно покажете дека за некои важни работи нема преговори. На пример, времето за одење на спиење нека биде јасно формулирано, бидејќи овие се многу активни деца и потребно им е доволно време за да се одморат.
(4-6 години)
Вашето дете сега веќе е дефинирано. Тоа е ведра, оптимистична мала личност, полна со дух и зрачи со енергија. Најважен совет за родителите во овој период е дека секогаш мораат да имаат енергија за овие деца. Времето кое му го посветувате не смее да биде ограничено со други ваши активности, а ако сте зафатени, другите луѓе во опкружувањето мораат да покажат интерес за него.
Облеката на малите Лавови е секогаш убава и модерна. Затоа, ако своето дете го водите на некои официјални настани, нема да морате да го убедувате да се облече убаво.
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важна редовната хигиена во домот?
Домот е многу повеќе од четири ѕида. Тој е наше засолниште, место за о...
Здравствени придобивки од јадење овошје
Овошјето е едно од најприродните и највкусните извори на витамини, мин...
Колострумот, познат како „првото млеко“, е вистинско богатство што мај...
Секој од нас барем еднаш почувствувал чувство на тежина, стегнат стома...
Да си добар родител: очекување или вистинска приказна?
Денес, родителите живеат под лупа со присуството на социјалните мрежи,...