Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Таа истакнала дека Анџелина Џоли била послушен пациент, дека Бред Пит бил цело време со неа и уште неколку детали за операцијата и вградувањето на силикони.
- Во голема мера верувам дека опоравувањето ги одразува нашите очекувања. По понеделникот стигнаа наодите од патологија и ја повикав Анџелина да и ја потврдам нашата најголема надеж: сите ткива на дојките беа бенигни. Во четвртокот, ден по нејзината мастектомија бев задоволна, не само затоа што беше добро расположена и полна со енергија, туку затоа што два ѕидови во нејзината куќа беа прекриени со свежо испишани плочи на следниот родителски проект.
Прва фаза низ која помина Анџелина – собирање податоци и информации
BRCA значи “рак на дојка” – објасни докторката. Гените BRCA му помагаат на организмот во борбата против ракот, кога го има во телото. Жените кои носат мутации на генот BRCA1 или BRCA2 имаат до 87% шанси да заболат од рак на дојка и 54% шанси да заболат од рак на јајници, во однос на општата популација чиј ризик е 12% за рак на дојка и помалку од 15 за рак на јајници. Мајката на Анџелина имала рак на дојка и за жал почина од рак на јајници. На нејзината баба исто така и е дијагностициран рак на јајници.
Глумицата е третирана со техниката „Nipple delay“ која се извршува една до две седмици пред зафатот. Се прави мал рез и се зема мал диск на ткиво непосредно под брадавицата, кој го анализираат патолози со што би се исклучило присуството на болест зад брадавците. Со ова се поттикнува дополнителен доток на крв во тоа подрачје со што се намалуваат шансите брадавиците да се изгубат заради недоволен доток на крв по мастектомијата.
Првиот зафат на Џоли и е направен на 2. февруари 2013 година
- Бред ја поздрави откако се разбуди од анестезијата и беше присутен за време на секоја операција, рече Др. Функ. – По операцијата кожата на Анџелина беше целата со модринки, но многу брзо се врати во нормална состојба. Два дена по операцијата стигна големата вест дека ткивото под двете брадавици е потполно нормално. На 16. февруари и беше извршена главната операција, која може да трае и до осум часа. Во мастектомијата се' помина во најдобар ред, лимфните јазли се идентификувани, но не се отстранети.
Докторката откри како изгледала и последната фаза
По мастектомијата асистирав пластична хирургија. Конечната операција е изведена на 27. април 2013 година, десет недели по мастектомијата. Реконструкцијата на дојките со имплантанти, означи крај на нејзиното хируршко патување.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заво...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?