|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Деца во семејство на алкохоличар

Редакција Рингераја, 22.11.2011
Во семејства во кои еден од родителите или обата родители се алкохоличари, пореметени се односите и меѓу брачните партнери и меѓу родителите и децата. Најтешки, најбројни и најнепредвидливи последици алкохолизмот остава на децата.

image
/11


 

Прво да го наведеме апстиненцискиот синдром на новороденчето, кој се јавува кај дете родено од мајка алкохоличарка. Се јавува после неколку часови, или денови по раѓањето. Апстиненциските пречки се последица на  прекинот на внесување на алкохол кој детето го добивало преку мајчината крв. Во овој случај на новороденчето му се даваат мали дози на соодветно средство за смирување на апстиненциската криза и полека се воведува одвикнување.

Во понатамошниот текст ќе говориме за татко алкохоличар. Тоа не значи дека нема мајки алкохоличарки, или семејства во кои се обата родители алкохоличари. Во тој случај се што ќе наведеме е подрастично изразено.

Децата во семејство на алкохоличар растат без љубов.

Однесувањето на алкохоличарот е крајно непредвидливо. Децата никогаш не знаат во каква состојба ќе стигне таткото дома, дали ќе биде трезен или пијан, весел или бесен, дали ќе им вика или ќе легне да спие. Заради тоа децата живеат во страв.

Заради импулсивното и непредвидливо однесување на алкохоличарот, недостасуваат елементарни стандарди во воспитувањето на децата. Таткото во пијана состојба великодушно им простува на децата големи грешки, а за многу безначајни грешки во трезна состојба ќе ги казни. Тој често го казнува детето за однесување за кое пред пола час било наградено. Од состојба на опуштеност и среќа, преминува во состојба на лутина и бес. Затоа децата на алкохоличарите често се лишени од норми за проценување на сопственото и туѓото однесување. Недостатокот на цврсти норми и вредности кај таквите деца создава потешкотии во процесот на социјализација.

Алкохоличарот често има манипулаторско однесување. Така, кога ќе се отрезни станува многу шармантен, нежен и великодушен татко, но таков е често и во пијана состојба. Инспирирајќи ја природната потреба за родителска љубов, лесно ги свртува децата (најчесто женските деца) против мајката, кои тие почнуваат да ја обвинуваат за алкохолизмот на таткото, бидејќи “ако мајката би имала повеќе трпение и разбирање за така племенитиот татко, тој веројатно не би пиел”. Женските деца заради тоа можат да имаат потешкотии во прифаќањето на својата позиција, а машките деца можат да се идентификуваат во таткото и подоцна со помалку отпор да го прифатат татковиот пример. Децата кои нема да го отфрлат татковиот авторитет, туку ќе се идентификуваат со него, го земаат за пример и од најраното детство континуирано консумираат алкохол и стануваат алкохоличари.

Многу мајки, преоптеретени со преземените обврски на алкохоличарот во семејството се напнати, загрижени, обесхрабрени, раздразливи или депресивни и им даваат на децата многу малку љубов, или им ја даваат на неадекватен начин. Затоа нивните емоционални врски со децата се често површни, амбивалентни и непостојани. Децата обично имаат поголем афинитет кон таткото алкохоличар отколку кон мајката, заради тоа што таткото, кога ќе се отрезни, за разлика од мајката, сака поблиски емоционални врски со децата. За децата на алкохоличарите ништо не е толку болно колку секојдневното определување: час за едниот, час за другиот родител.

Со тек на време децата, како и родителите, стануваат се понемоќни да се спротивстават на внатресемејните конфликти и било што радикално да променат. Длабоката несигурност на сите членови го дава објаснувањето зошто семејствата на алкохоличарите многу потешко се распаѓаат отколку што се верува. Децата се најзаинтересирани за зачувување на семејното единство и многу рано почнуваат да ги делат семејните улоги, најчесто на мајката, кои треба да ги извршуваат татковците алкохоличари. На децата им се наметнуваат обврски за кои е потребна одговорност и задолженија кои воопшто не би ги добиле ако растат во нормално семејство. Постарите деца, најчесто машките, ја заштитуваат мајката, ја надгледуваат финансиско-економската ситуација, го одгледуваат помалото братче или сестриче, при што кај детето се развива амбивалентен однос изразен во дилемата да се биде татко, но не како сопствениот татко.

Алкохолизмот на родителот е причина за психолошки пречки кај децата и тоа од благи невротични состојби, до тешки психички состојби.

Најизразени пореметувања во претшколската возраст кај децата се: ноќен страв, енуреза, гризење на ноктите, проблеми со исхраната, цицање на прстите, пелтечење, одење во сон, напади на неконтролиран бес, а многу се распространети и фобични невротски реакции.

Секојдневната изложеност на противречни емоционални и воспитни влијанија на родителот доведува до хиперсензибилност. Многу деца на алкохоличари се повлекуваат во себе, мечтаат, стануваат нереални и пречувствителни и заради тоа тешко се снаоѓаат во животот. Несреќното и тешко детство допринесува во нивната психичка неурамнотеженост, несамостојност и недоверба во другите луѓе.

Редовното школување и иднината на децата на алкохоличари се доведени во прашање. Тие обично имаат отпор кон училиштето, кој може да се интерпретира како манифестација на генерализираното отфрлање на авторитети, но често е последица и на неразвиените работни навики. Овие деца имаат слаб успех во училиште, бидејќи се заплашени, несигурни во себе и  немаат основни услови за работа. Неможноста за концентрација, внимание, загубеното интересирање за училиштето се чести причини за проблемите во училиште. Оттука произлегува неуспешното школување, бунтовното однесување, спротивставување на наставниците, негативно херојство кај момчињата, а девојчињата обично се повлекуваат во себе, потиштени се и чувствуваат како некому да сметаат.

Кога се во училиште, оптеретени се со случувањата дома, а кога ќе дојдат дома, заради семејните обврски имаат многу малку време за играње и немаат со кого да играат, бидејќи врсниците ги избегнуваат или исмеваат заради ситуацијата во нивното семејство. Доколку нивните другари не знаат, децата на алкохоличарите се трудат да ја прикријат семејната ситуација, а тоа повторно ги осудува на извесна изолација. Од страв да не бидат отфрлени, не сакаат да се спријателат со останатите деца, нити покажуваат желба да се вклучат во забавни активности со врсниците.

Се случува да избегаат од родителскиот дом за да ја избегнат мачната и напната атмосфера, каде се загрозени, каде немаат топлина, материјална и психичка сигурност. Бараат друштво на улица. Бараат авторитети, бидејќи нивните родители тоа повеќе не се. На таквите деца улицата им е засолниште.

Што ќе постане од детето, деликвент или стабилна и позитивна личност, не зависи само од влијанието на алкохоличарот во семејството. Ако позитивното влијание на семејната средина (мајка, баба, дедо, постари браќа и сестри) како и совесниот педагог, се доволно силни и посветени на детето, тоа може да се развие во стабилна и позитивна личност.

Само семејството може да му помогне и да ги разбере постапките на детето, да му ја даде својата поддршка, помош и љубов. Тука воопшто нема влијание дали децата се малолетни или полнолетни, дали имаат свои деца или немаат, бидејќи траумите од детството ќе ги носат со себе цел живот.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колку вкупно заби имаме???
Стоматолошката ординација Калајџи “Dental Care” во соработка со семејниот портал Рингераја.мк ќе спроведува здравствено ...
6
Детска Новогодишна работилница
Детската еуфорија за Нова Година е огромна, а нивната желба за учествуваат во подготовките за празникот – незапирлива. И...
4
Афти
Афтозен стоматит, или уште познат само како „афти“, е заболување на усната празнина кое се карактеризира со појава на ма...
4
Нова епизода на „Кој кого расте“
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија вонедела на 07.04.2013 во 10.20 ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?