vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
И баш кога треба да уживаме, ние боледуваме: според статистиката секој човек, додека и на годишен одмор поминува во кревет просечно по два и пол дена. Меѓутоа, доколку предвреме се информирате какви неволји би можеле да Ве снајдат и со себе носите добро опремена аптека за патување, на големо ќе си ги олесните можните тегоби.
Морска болест
Пловидба по немирно море, но и возење по кривулест пат, можат да предизвикаат морска болест – силна мачнина во желудникот и вртоглавица. Причината за тоа е збунетост на центарот за рамнотежа во увото. За да ја спречите таа појава не тргнувајте на пат со празен, ниту со полн желудник. Додека патувате повремено грицкајте двопек и задолжително следете го движењето на возилото.
Во автомобилот гледајте низ предното ветробранско стакло (не читајте во тек на возење). Ако сте на брод гледајте во хоризонтот. Во авион удобно сместете се и затворете ги очите. Важен е изборот на местото каде седите. На брод одберете седиште во средината, во авион во близина на крилото, а во автобомил и автобус на предно седиште. Не заборавајте да се напиете таблети кои спречуваат мачнина.
Проблеми со столицата
Најчести болести на годишен одмор се повраќање и дијареја. Причина се микроорганизмите на кои не сме навикнати и хигиенските услови кои најчесто се полоши од домашните. Како да се избегне опасноста?
Во подрачјата со низок хигиенски стандард јадете само готвени и излупени производи и пијте само флаширана вода. На голема жештина не пијте многу ладна вода бидејќи може да Ви го надразни желудникот.
Неколку денови пред одмор пијте пробиотски млечни производи кои ќе помогнат во воспоставување на нормална цревна флора. Така целиот организам ќе биде поотпорен.
Ако сепак добиете повраќање и дијареја обидете се да си ја олесните ситуацијата. Проливот (освен ако не е многу тежок) немојте да го запирате, за неговите предизвикувачи што полесно да излезат од организмот но земајте доволно течности за да ја спречите дехидрацијата. Медицинскиот јаглен ги апсорбира отровите од телото и им помага побрзо да излезат од организмот.
Добра поддршка се производи од квасец и пробиотици. Ако немате, ќе Ви помогне и кора од јаболко која добро ги врзува отровите, цимет кој го дезинфицира желудникот и папаја која помага при пролив. Јадете умерено и пијте многу течности.
Убоди на инсекти
Чешањето е најчеста последица од убодот на инсекти, но последиците можат да бидат и многу сериозни. Затоа е важно пред патувањето да се распрашате кои инсекти се најопасни таму каде што патувате. Ладниот воздух и клима уредите ги одбиваат инсектите. Добро е да се стават и заштитни мрежи на прозорците.
Ако сепак Ве убоди некој инсект изладете го местото за да го намалите отокот. Чешањето намалете го со антихистаминик, а ако имате многу убоди, обратете се кај лекар. Прва помош може да Ви бидат кругови од исечкан кромид, свежо исечкан лук или першун.
“Чудовишта” од морските длабочини
За да спречите блиска средба со морски еж, носете заштитни папучи при пливање. Ако сепак се набодете на еж, боцките извадете ги со пинцета. Ве советуваме местото да го потопите во маслиново масло 2-3 часа по што сите остатоци од боцките ќе излезат од ткивото. По тоа дезинфицирајте ја раната.
Ако Ве повреди медуза, повредата не ја допирајте со прсти и не ја испирајте со слатка вода, бидејќи дополнително ќе ја оштетите кожата. Подобро е раната да ја измиете со морска вода и да ја прекриете со песок, а заостанатите боцки да ги извадите бидејќи испуштаат отров. Потоа изладете го местото и намачкајте го со антихистаминик. Ако почувствувате проблеми со циркулацијата, обратете се кај лекар.
Летна настинка
Иако за настинките мислиме дека се добиваат само во зима, тие се чести и за време на летување. Не е чудно – климатизираната просторија ги суши дишните патишта па почесто ги напаѓаат вируси. Затоа е важно да се пијат доволно течности за слузокожата да остане влажна. Лентата настинка обично ќе ја препознаете по болката во грлото. Ако тие први знаци на болест ги победите, можно е да го избегнете напредувањето на вирусот во организмот.
Изгореници од сонце
Потребно е добро да се заштитите од сончевите зраци, не само заради изгореници на кожата, туку и за да спречите сончаница. Главата заштитете ја со прозрачен сламен шепир, кожата намачкајте ја со крем со заштитен фактор и пијте доволно вода.
По сончање намачкајте се со крем за после сончање. Доколку имате изгореници и црвенило на кожата, мачнините ублажете ги со кортизонски крем. Ако сте изгорени не нанесувајте масен крем бидејќи го успорува испуштањето на топлината и го зголемува воспалението. Аспиринот помага при изгореници. Нелагодноста на кожата ублажете ја со јогурт или со ладен црн чај.
Независно дали станува збор за сончаница или колапс од жештина викнете лекар заради опасност од застој во циркулацијата.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката форма влијае на зачнувањето?
Кога се зборува за плодноста, често се мисли на хормоните, овулацијата...
Навики што е добро да ги промените пред бременост
Подготовката за бременост не започнува дури откако ќе се појават двете...
Можни фактори на ризик за аутизам во бременоста
Кога се зборува за аутизам, едно од најчестите прашања на идните родит...
Што значи кога ќе пукне водењакот?
„Пукна водењакот“. Реченица која многу идни мајки ја замислуваат како ...
Кога детето треба правилно да ги изговара сите букви?
„Дали е нормално моето дете сe уште да не го изговара правилно Р?“ или...