|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Блог: Колку што го сакам тој сон, толку и не го сакам..

Елена Наумовска, 22.2.2021
Прекрасен излив на мајчински чувства од Елена Наумовска - @mother.of.three.daughters

image
/11


Јас, и таа, тотално не инстаграм слика, доцна во ноќта, во пижами, со растурена коса, без малку шминка и со многу желба за неколку споени часа сон. Колку што го сакам тој сон, толку и не го сакам. Со него губам мигови поминати во кои таа спие мирно додека го чувствувам нејзиниот топол здив на моите гради.
Еден часот по полноќ, повторно сум ја земала покрај себе, ама како? Како тие малечки прстиња кои се цврсто стегнати за мојата пижама да ги одвојам од себе?
Иста приказна, трет пат, со друго бебе.
Таа ме сака мене и мојата топлина, мојот мирис, а и јас нејзиниот на мајчино млеко.
Знаете што, веќе почна да јаде.
Моето мало топче почна да го истражува светот околу себе.
Додека да трепнам наполнила 3 години, па 6 и почнала во школо, 13 и пубертет, оо па дошло и полнолетство 18 веќе, веќе одлетала од нашето гнездо да направи свое.
Моето мало бебе веќе има свое мало топче кое мириса на мајчино млеко, и една мајка која додека е жива ќе и ја дава топлината како пред многу години, и ќе и дозволува цврсто да ја држи со нејзините мали прстиња кои сега се веќе прсти од возрасна и исполнета жена. Не знам зошто ме боли помислата дека еден ден нема да можам да им го чувствувам мирисот во секој миг, можеби затоа што се дел од мене, затоа што ми дозволуваат светот да го прегрнам со две раце или пак можеби затоа што ми ја разјаснуваат причината за моето постоење.
Ги сакам и нема понатаму.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Малите музичари
Можеби вашиот малечок тропка со лажици по масата или наоѓа ритам во сe што слуша?
4
Знаци дека детето може да било/е сексуално...
Не е секогаш лесно да се забележи сексуална злоупотреба затоа што сторителите често преземаат чекори да ги сокријат свои...
4
Стандарди за рано учење и развој
Здравјето и добросостојбата на децата се клучни фактори во процесот на растењето и развојот, којшто се одвива во текот н...
3
Каде грешите во воспитувањето на децата?
Децата ги прават истите работи кога се уморни, гладни или едноставно се уморни од се, а игнорирањето на знаците што ви г...
3




Анкета

Мобилен телефон.
пеперутка16

Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?