|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Бали Бег: Џејлан е љубовта на мојот живот!

Редакција Рингераја, 30.4.2013
Атрактивниот турски глумец Бурак Озџивит, во првото интервју за српскиот Дневни лист отворено говори за љубовта, глумата, шпекулациите околу сексуалната ориентација, кариерата и животните планови

image
/11


 

 

Кариерата ја започна како модел, а заврши како глумец. Како дојде до тоа?

Ја сакав работата на модел. Бев многу успешен во тоа, за што сведочат многуте награди. Во еден омент се повлеков со себе и не сакав повеќе да се појавувам во јавност. Сакав да се изразам низ некоја друга уметност. Не се прославив како писател или сликар, но талентот за глумење не можев да го сокријам, а и не сакав.

 

Дали беше тешко да ја промениш професијата?

Не! Во глумата најдов спас. Имаше моменти кога бев на работ на лудило, депресија и песимизам, кој ме имаше фатено со своите канџи и буквално ме убиваше, така што гладував, се затворав во станот и во себе.

 

И тогаш се појави Сулејман?

Се појавија продуцентите кои ме контактираа преку заеднички пријатели. Отидов на кастинг и денес сум тука каде што сум. Ми одговара оваа гужва и се што се случува е поврзано со Бали Бег. Го обожавам тој лик.

 

Медиумите во еден момент шпекулираа околу твојата сексуална ориентација. Наводно твојата девојка те затекнала во кревет со маж.

Да и јас слушнав дека било така, само не разбрав за која девојка и за кој маж не работи! И не знам од чија кујна излезе таа глупост, но колку што тие приказни порано ме потресуваа, денес толку ме развеселуваат.

 

Твојата  вереница Џејлан Џапу ретко се појавува со тебе во јавност, ги криете деталите околу Вашата врска, а како што се говори Ве очекува свадба

Џејлан е мојата најголема љубов и кога не сме заедно, тогаш разговараме на телефон. Не може да помине ниту еден час без да се чуеме. Знаете како велат, тоа е љубов за цел живот. За свадбата не сакам да разговарам.

 

Со што те освои?

Тоа беше љубов на прв поглед. Јарците умеат да читаат од поглед, а во нејзините очи пишуваше толку многу, што моментално ме привлече. Нејзината надворешна убавина е Божји дар, но внатрешноста е уште поубава.

 

Какви се твоите планови по завршувањето на серијата?

Режисерите и сценаристите со кои соработувам се при крај со проектот кој ќе стартува веднаш по снимањето на Величествениот. Се подготвувам за главна улога во еден филм со кој одиме на европски и светски пазар и мислам дека ќе направиме бум.

 

Какви се Вашите приватни односи со остатокот од екипата на Величествениот?

Имаме сјајни односи. Не се дружиме многу кога не снимаме, но се случувало да го поминуваме времето заедно и без камера. Понекогаш се тоа ноќни клубови, или тажни моменти кои сите ги делиме. Верувам дека ќе ми недостасува тој тим, бидејќи тешко дека ќе можеме повторно да бидеме сите заедно.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заводливост.
4
Фотографии од свадбата на Елена Ристеска
Елена Ристеска и Бојан Ивановски синоќа стапнаа на лудиот камен. Во прилог се неколку фотографии од нивната свадбена вес...
4
Најнови make-up трендови за есен 2015
Од модните писти оваа есен издвоивме неколку топ трендови за шминка. Време е летните сенки во живи бои да ги замениме со...
3
Диета Беверли Хилс
Judy Mazel ја осмисли диетата Беверли Хилс која се темели на замислата дека килограмите можат да се изгубат ако правилно...
3




Анкета

.
Jana9

Dali koga ke idete so decata na odmor imate cuvstvo na plaza deka samo vie se slusate kako vikate po niv :) ?

Da (14%)

Ne (43%)

Ponekogas (43%)


Број на сите гласови: 7

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!