За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Во тивката ноќ,
во глувата доба,
беспомошно лежи најмилото мое
на студен кревет, во празна болничка соба.
Мајчино срце очајно плаче,
моли, боли и пече,
оваа ноќ некоја лоша сила
душата моја со нож остар ја сече.
Богородице мила, сечија и моја
секогаш мајка си била
чувај го ангелот мој
дај му од твојата бескрајна сила.
Како капка роса во долга пустина
откако се роди тебе те гледам
нека минат бргу овие мигови лоши
кога дишењето твое будно го следам.
Исконска сила, силна и светла
во душата стегната дојде,
не грижи се мајко, храбар е тој
брзо се ќе му пројде.
Нов ден се раѓа,
зора се зори,
надеж во срце,
а душата гори.
Го милувам малото
испотено чело,
срцето мое распарчено е ,
искршено цело.
Ги отвораш полека
тие мои очиња мили
насмевка блага ми даде
за нови мајчински сили.
Се буди ангелот мал
се смее моето усте медено
се растопи ледот
во мајчинското срце следено.
Подаваш рачиња
тие мои ангелски крила
како да ми велиш
ништо не ми е мамо, јас имам сила.
Ти благодарам мајко,
наша и моја
што на ангелот кој ти ми го даде
му дари од силата бескрајна твоја.
Инспирирано од поминатата ноќ во болница со моето синче заради висока температура.
Ваша Pepelaska###
Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува... Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја |
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Лицата со аутизам се присутни во општеството
Со низа активности дневниот центар Порака Нова од Струга денес се придружи кон одбележувањето на 2- ри април, Светскиот ...
4
Малите музичари
Можеби вашиот малечок тропка со лажици по масата или наоѓа ритам во сe што слуша?
3
Што да направите кога детето е мета на исм...
Кога детето ќе стане мета на исмејување, навредување или потсмевање, родителите често прво чувствуваат лутина и беспомош...
3
Како да го спречите стравот од игла?
Примањето инјекција и земањето крв е непријатно искуство, особено за децата. Должност на родителите е да го ослободат де...
3