Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
37-годишната актерка откри дека се подложила на медицинска процедура, која вклучува отстранување на ткивото од двете гради.
Давајќи нтервју за Њујорк Тајмс, Џоли изјави дека нејзината мајка се борела против ракот една деценија и починала на возраст од 56 години. Откако лекарите и откриле дека и кај неа постои 87% ризик за рак на дојка и 50% ризик за рак на јајници, таа одлучила да направи превентивна операција.
“Откако дознав дека ракот може да биде и моја реалност, решив да бидам проактивна и да го минимизирам ризикот колку што можам. Одлучив да направам превентивна мастектомија”, изјави Џоли.
“Почнав со градите, бидејќи кај мене е поголем ризикот таму, а операцијата е посложена. На 27. април завршив со тримесечната процедура на мастектомија. За тоа време бев во можност да го држам ова во тајност и да продолжам со својот живот и својата работа.”
Двајцата високо профилни актери, Анџелина Џоли и Бред Пит одлучиле да ја изнесат приказната во јавност со надеж дека другите жени можат да имаат корист од искуството на Џоли.
По девет недели од третманот градите на актерката биле реконструирани со импланти.
Џоли рече дека нејзината одлука да има мастектомија не била лесна, но сега може да им каже на своите деца да не стравуваат дека ќе ја изгубат заради рак на дојка.
Таа додаде: “Смирувачко е што не се гледа ништо што е непријатно. Може да се види само мала лузна и тоа е тоа. Се друго е само мама, иста како што и секогаш била. Тие знаат дека јас ќе направам се' за да бидам што подолго со нив. На личен план, не се чувствувам помалку жена. Се чувствувам горда што донесов силна одлука, која во никој случај не ја намалува мојата женственост. Среќна сум што имам партнер како Бред Пит, кој е толку многу полн со љубов и поддршка. Секој кој има жена или девојка која минува низ ова, треба да биде токму како него. За време на операцијата беше секоја минута со мене. Успеавме да најдеме моменти да се смееме заедно. Знаевме дека ова го правиме за доброто на семејството.”
Џоли и Пит се родители на шест деца, на возраст од 4-11 години.
Извор: metro.co.uk
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заво...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?