Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Преубавото девојче внесе радост во нивните животи и ги зацврсти нивните разгорени емоции. Анабела ужива со бебето од кое се воодушевени и нејзините две ќерки од претходниот брак, седумнаесет годишната Луна и осумгодишната Нина, кои и даваат голема поддршка на мајката.
- Мислам дека Бланкица е алката која ми недостасуваше за мојот живот да биде потполн. Уште еднаш се потврди барем кога станува збор за мене, дека се во животот ни се случува со причина. Мајка ми често знае да ми каже дека бебето ми го вратило изгубениот сјај во очите – со насмевка го започнува разговорот Анабела Атијас.
- Чувството е прекрасно по многу години повторно да се држи свое бебе во раце. Сфатив дека сум родена за да бидам мајка, да бидам секогаш некому потребна. Тоа ме прави силна, тоа ме води напред. Сега имам сила да стигнам и на врвот на светот – раскажува популарната пејачка која истакнува дека луѓето забележуваат огромно задоволство на нејзиното лице.
- Штом ја здогледав Бланкица по породувањето, ми пренесе некаква неверојатна енергија. Тоа не знам да ви го опишам, но на мене влијае прекрасно. Тоа чувство на блискост и неверојатна поврзаност со неа го имав уште додека ми беше во стомакот. Сите три мои ќерки, секоја на свој начин, ме направија посреќна, подобра и посилна. Некако без престан се надоврзуваат и го прават потполно моето битие – истакнува Анабела.
Слатките маки кои ги носи новороденчето и непроспиените ноќи ни малку не и паѓаат тешко и на заморот брзо заборава кога ќе го види лицето на своето насмеано бебе.
- Бланкица е прекрасно бебе кое плаче со причина. Не можам да кажам дека не е тешко, човечки е да кажам дека сум уморна, но и тоа ќе помине. Децата брзо растат, а потоа на мајките им е жал што тоа поминало. Инаку мојот сопруг Андреј од самото наше запознавање зборуваше за девојче Бланкица кое тој го чека и цврсто веруваше дека Бог ќе му ја подари. Често знае да каже дека како тој да ја цртал и да ја дизајнирал со своја рака и дека е баш таква како што ја замислувал. И се обраќа со “желбо моја” – открива Анабела.
- Моите постари ќерки Луна и Нина се прекрасни деца, какви само можат да се посакаат. Не можете да замислите колку тие ја сакаат Бланкица. Нина е по цел ден со бебето и ми е од голема помош, а ја имаме и безусловната поддршка од сите членови на семејството, на што сум бесконечно благодарна. Инаку бебето не го дојам бидејќи по операцијата од тумор ја изгубив таа можност. Ниедна моја ќерка не сум ја доела, па фала Богу, потполно се здрави – искрено кажува Анабела.
- Ние веќе сме на “турнеја”, која опфаќа планина и море. Уживаме со Бланкица која се' одлично поднесува. Следна дестинација ни е Белград, каде ме чека малку работа. Пеењето ме исполнува и нема причина да не почнам да работам, бидејќи тоа ми е издувен вентил.
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...