Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Веројатно не еднаш сте биле сведоци на деца кои со неподготвеност свират на музички инструмент, посетуваат десетина курсеви по странски јазици, секакви спортови и што ли уште не. И сето тоа, бидејќи нивните родители се премногу амбициозни и сакаат нивното дете да биде најпаметно , за да може успешно да се справи во светот во кој владее жестока конкуренција.
Амбициозноста на родителите, сепак, често доведува до стрес кај децата и отпор кон голем број едукативни и забавни активности. Колку повеќе родителите се обидуваат да го стимулираат развојот на децата, толку тие губат секаква желба. Затоа многу често токму децата на амбициозните родители се слаби ученици во училиште, па дури и покажуваат знаци на агресија кон соучениците. Дури и ако детето знае, тоа често одбива да го покаже своето знаење во училиште, а слабите оценки во тетратката се еден вид протест и казна кон родителите.
Прекумерната амбициозност на родителите го загрозува до голем степен детството на децата. Додека едни деца слободно играат со топка надвор, други свират на виолина и гледаат како нивните врсници се забавуваат. Ова делува исклучително обесхрабрувачка на децата и дури може да се манифестира со симптоми на депресија и асоцијалност.
Понекогаш амбициозноста на родителите произлегува од нивната желба да ја исполнат секоја слободна минута на детето, за да го оддалечат од компјутери, филмови и слично. Или пак едноставно тоа е начин за родителите да се одморат за миг од децата и да имаат на располагање 1-2 часа само за себе, во кои знаат каде е детето и со што се занимава. Но родителите треба да мислат и на тоа дека детето исто така има потреба од време само со себе, без неговото внимание постојано да биде посветено на активности избрани од родителите.
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Колку дена пред овулацијата можете да забремените?
Многу луѓе мислат дека бременост е можна само на денот на овулацијата,...
Првите 24 часа по породувањето. Што да очекувате?
Првите 24 часа по породувањето се период на големи физички и емоционал...
Самопреглед и преглед на тестисите. Зошто се важни?
Редовниот самопреглед на тестисите е едноставна навика која им помага ...
Пренатална депресија е форма на депресија која се јавува за време на б...
Како бебињата ја доживуваат играта?
За бебето, играта не е само начин да го помине времето. Таа е главниот...