|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Актерка со Даунов синдром

Редакција Рингераја, 24.2.2012
Скриена во ментален азил, бидејќи дауновиот синдром ќе донесе срам за нејзиното семејство, Лејди Памела Холанд живее осамен полу-живот, негувајќи ги фотографиите направени за компанијата. На BBC ќе се емитува втората сезона од серијата Нагоре-Надолу

image
/31


 

 

Никој не се надеваше на ова повеќе од Сара Горди, која ја игра улогата на Лејди Памела. Како и секоја актерка, таа се израдува што ја доби главната улога во серија која се прикажува во ударно време, а сето тоа значи многу повеќе.
За Сара, која како карактер има даунов синдром, ова веќе претставува пресвртница во веќе извонредната кариера.
Уште поделикатно отколку што изгледа на екраните, Сара е висока 150 cm. , со бледи светкаво сини очи, свежа кожа и насмевка која ги придобива сите кои ќе ги запознае.
“Супер е”, вели таа смешкајќи се, пиејќи чаша шампањ, кој е нејзин омилен пијалок, па заради тоа,  додека таа работи, мајка и секогаш чува едно шише шампањ во нејзината ташна, за итни случаеви.

“Ми се допаѓа што сум популарна во филмот “Нагоре - надолу”, вели Сара. “Веќе знам како и беше на Памела, па плачев за неа. Ме прави тажна да ја споредувам таа прикажна со мојот живот. Ме лути тоа што знам дека луѓето како мене се заглавени во институциите. Јас навистина имам среќа.
“Пред да ја прифатам улогата, го истражував нејниниот карактер, нејзината сила – внатрешната скриена сила, бидејќи таа е многу емотивна личност. Нејзиниот свет е нејзиниот брат, кој мислел дека таа е мртва. И недостигаше многу додека беа разделени. Таа е грижлива и силно го сака својот брат. Љубов која никогаш нема да умре.”

Сара се едуцираше во класично образование, основно училиште посетуваше во Бромли, а средно училиште во Тексас, откако се пресели во САД заради работата на нејзиниот татко. Ги помина своите рани тинејџерски години таму со својата помала сестра Кетрин - веб дизајнерка. Семејството се вратило во Луис кога таа имала 16 години, и тогаш започнала да глуми.
Таа вели: “Ми се допаѓа училиштето. Никогаш не ме задевале и исмејувале. Имав среќа што го избегнав тоа. Некои од моите пријатели беа исмевани”
“Играв во училишните претстави. Забележав дека го имам тој талент за глумење и сакав тоа да го правам професионално. Реков: мамо, мамо сакам сериозно да се занимавам со актерство, а таа рече: ќе видам што можам да направам.”
Џејн, стабилна, енергична жена, го конталтирала калеидоскопскиот театар, група на актери со даунов синдром, кои живеат и глумат заедно низ земјата.

Џејн вели: “Ја примија со нив, но по три недели таа рече дека сака да дојде дома. Не и се допаѓаше храната и мразеше што треба да ја дели собата со некого. Потоа се обиде во Каросел, актерска организација за лица со посебни потреби. Имаше едно улога, но директорот ме повика и ми рече:”Сара е супер, но улогата ќе ја дадам на друго девојче, кое ги нема условите за живот како неа.” Се почувствував задоволна што ми го кажа тоа, ја направи вистинската работа.”
Како и да е, кога Карлтон ТВ ги контактираше Каросел, барајќи актерка која ќе глуми релативно комплексна улога, што значи дете со даунов синдром, директорот ја предложи Сара.
“Ете така се појавив на телевизија”, вели таа, смешкајќи се како и секогаш.

Летото, 2010 година агентот ја повикал Сара да и каже дека ќе се појави во “Нагоре-надолу”, заедно со Ед Стоперд, кој ја глуми улогата на дипломатот Халам Холанд, и Кили Хоус, која ја игра улогата на неговата жена, Лејди Ањес.

Потсетувајќи се на моментот кога ги дознала новостите, Сара вели: “Ја работем мојата друга работа -  не толку гламурозна. Работев како волонтер во фондацијата British heart во нивната добротворна продавница во Луис. Се расплакав кога ми кажа мојот агент. Бев многу среќна. Тоа беше мојот сон. Сакав да направам костим за драмата. Ги сакам фустаните и накитот.”
“Кога ја добив улогата, почнав да работам секојдневно”

“Кога гледаме на Сара како на актерка, се доаѓа од емоцијата, освен една работа - таа има високо развиено чувство за емпатија и многу е весела, но нема разбирање за злото. Тоа не се наоѓа во  нејзиниот несесер за шминка”

Џејн има право што се гордее со нејзината ќерка и се надева дека гледачите ќе ја видат Сара како позитивен модел за улоги. Таа вели: ”Сара има среќа. Таа е многу весела, убава и талентирана. Би можеле да кажете дека не личи на просечните луѓе со даунов синдром, туку личи на актерка, која исто така не е просечна личност.”
“Добро е да се има позитивна слика, бидејќи ќе има луѓе кои имаат деца со даунов синдром и треба да знаат дека тоа сепак може да биде во ред.”

“Обожавам да работам. Сакам да се гледам себеси на ТВ. Првиот пат кога се видов беше малку чудно, во серијата “Врвна пракса”. Сега не ми е толку чудно. Супер е. Ќе ја гледам првата епизода од новата сезона на “Нагоре – Надолу”, со чаша шампањско.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

10 незаборавни спомени од детството
Што е првото нешто на кое се сеќавате кога станува збор за детството? Сигурно и вие имате непроценливо богатство од десе...
4
Претераната хигиена води до астма и алергии
Др. Бранимир Несторовиќ објаснува: Станавме претерано чисти. Се бањаме повеќе пати на ден, антибиотиците не делуваат, хр...
4
Рецепт за најубави балони од сапуница
Децата обожаваат да си играат со величествените балони од сапуница. Еве неколку рецепти за течност со која се прават нај...
4
Направи сам: Украси од солено тесто
Предлог за направи сам украси за Велигден - дрвце со украси во фирма на јајца, направени од солено тесто
4




Анкета

Вода за деца.
пеперутка16

Мамички, колку месеци варевте вода за вашите бебиња?