|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Агресивност кај децата од предшколска и школска возраст

Мр. логопед Светлана Трнинкова, 1.2.2021
Како да реагирате доколку вашето дете се однесува агресивно, прочитајте во овој текст на Мр. Логопед Светлана Трнинкова

image
/11


Периодот на ран детски развој до пред поаѓање во училиште е полн со емоции, жeлба за игра, движење и другарување со другите дечиња. Тие се опкружени со внимание и љубов од родителите. Но сепак постојат правила во воспитувањето и грижата за децата кои се давани и почитувани од многу генерации пред нас. Тие се универзални за сите деца на оваа планета, за сите родители. Многу од нив се применуваат спонтано без да се обрнува внимание и се тече по еден нормален колосек. Но  се случува некаде психомоторниот развој на детето да затаи и да не се одвива по еден нормален колосек или  личноста да е опкружена со погрешни примери за воспитување и негрижа од непосредната околина или родителите. Тука доаѓаат  одредени нарушувања на личноста на детето. Како да се спречат сите нeгативнoсти во воспитувањето и превенција од агресивните испади на децата  ќе наведам само еден дел од морето позитивни примери кои го прават човекот  да биде човек во вистинска смисла на зборот. Ако детето  е  темпераментно  и  е во движење, треба да не се попречува во слободата на движење. Ова темпераментно дете е во исто време и многу интелигентно дете , бистро и ќе се снајде во секојдневниот живот. Родителите често велат дека нивните деца се мирни и послушни. Но многу често овие мирни и послушни деца се несигурни и уплашени. Грешката е голема кај родителите кога тоа немирно дете и вербално и физички го казнуваат, а во основа доаѓа до израз интелигенцијата. И таа интелигенција му дава да не послуша  за се што ќе му се каже. Тие мали непријатности се одраз на интелигенцијата. Често нешто ќе скрши и ќе се снајде, и ќе подметне на некој, дека друг тоа го сторил како би се извлекло од некоја непријатна ситуација. Овде не помагаат физичките казни. Само конструктивен разговор  за детето да стекне увид  во своите постапки и што би можело да се случи. Треба родителите заедно со децата да прават кратки  неделни планови за одредени цели и интереси. Фокусирање и пренасочување  на целата енегрија кон она што  најмногу го  исполнува и интересира. Многу  често е непријатно за гледање кога ќе се види како некое дете се однесува лошо кон друго дете. И многу е тешко кога го гледаме сопственото дете за кое мислиме дека е прав анѓел, кој се претвора во мало ѓаволче  кога ќе е во друштво со друго дете. Често родителите  се чувствуваат засрамени затоа што детето го знаат мирно и послушно. Многу често и родителите реагираат бурно во вакви ситуации. На агресивноста  не одговарајте со агресивност. Кога станува збор за агресивноста тоа е едно нормално однесување во детската возраст и претставува реакција на силни чувства. Сaмото дете мисли дека тоа не е агресивно и дека тоа е нормално однесување. Реакцијата на родителите е многу значајна Целта е да се помогне на детето да ги разбере своите чувства и емоции. Да сфати самото зошто на овој начин реагира и да му се помогне да развие други одбрамбени механизми  за контрола на своите емоции. Агресивното однесување е наприфатливо, но да не развие чувство на вина и срамота. Принципот подобро да се спречи од колку да се лечи  важи и за тие таканаречени - жолти  минути, кога чашата е прелеана. Секогаш не е можно да се предвиди таа жолта минута. Јас  би ја нарекла виолетова минута... Ќе спомнам од средношколски денови еден многу ценет наш професор по фармакологија Прим. Др. Тодор Влахчев. Тој велеше - Кога човек е црвен во лицето не бегајте иако е црвен, значи дека сеуште има крв во мозокот, сеуште има разум како правилно да реагира! Но кога човек од лутина или нервоза помодри во главата, е тогаш бегајте, кај тој човек веќе нема крв во мозокот, нема  разум и контрола! Сакаше да каже да се следат надворешните карактеристики и движења на човекот, како навреме би се предвидела реакцијата кај децата и возрасните. Треба да се спречи наглата агресивна реакција на нeконтролирано агресивно однесување и да се стопира. Добро би било да се води дневник  со белешки  за испадите кои се чести. Во дневникот се бележи периодот во текот на денот кога детето било агресивно. Се води информација и се става акцент дали детето е во друштво или само. Се прибележува информацијата дали има бука и галама, кои би можеле да бидат потенцијални фитили за агресивното однесување, или се бележи дали било изложено на поголем број на стимулации. Кога еднаш ќе се разберат факторите кои го поттикнуваат агресивното однесување, може да се контролира детското однесување. И така велиме дека можеме да ги држеме конците во нашите раце. Во краен случај може да  се предвиди соодветното сценарио, да останеме дома и да се спречи уште  поголема  вознемиреност и испади. Како би се однесувале кога детето  е во фаза или состојба физички да ја насочува лутината и агресијата кон друго дете. Ако забележеме агресивно  однесување детето се стопира и смирено и тивко му се вели:

- Не можам да ти дозволам  да ги гризеш друѓите деца. Или друга реченица која ќе одговара на друга ситуација. Клучот на успехот е да бидеме доследни, но не и лути. Мирно и сталожено да се ограничи детското несоодветно однесување. Ако и ние бурно одреагираме се дава пример на детето дека на агресијата,  и ние треба  агресивно да одреагираме. Кога ќе приметиме дека детето  е нервозно, вознемирено, се наоѓа мирно место, каде детето ќе се одмори, изолира и емоците ќе му се смират. Треба да им се советува да диши длабоко и тивко да пее некоја омилена песничка која ќе го смири. Кога ќе се смири, разговарајте за самата случка која го вознемирила. Вежбање на длабоко дишење  е добра метода како начин на смирување на агресивноста .

Деца од предшколска возраст понекогаш удараат и гризат кога не можат да ги контролираат емоциите. Кога не е луто и тажно  треба да најдат друг облик како да ги канализираат негативностите од агресивното однесување. Може да удира во перница. Ако не сме можеле да спречиме едно дете да удира друго дете, секогаш прво треба да се фокусираме на удреното дете кое и е жртва. Не смееме да бидеме драматични. Треба да бидеме пример како не треба да се однесуваме кога сме лути или вознемирени спрема  другото дете и луѓе. Демонстрацијата е многу по ефективна од зборувањето. Детето кое напаѓа, ќе се подобри и ќе ја прифати својата грешка како реалност кога ќе послуша и на нападнатото другарче ќе му донесе чаша вода, или да го прегрне. Многу е подобро границате  да се постават во моментите на несоодветното однесување и да се разговара. Најдобар момент е кога сите ќе се смирени и  сталожени. Разговорот го започнуваме со: Ајде врати го филмот што беше причината за вознемиреност и лутина така  да одреагираш? Видов како другарчето ти ја зеде топката, но тоа не ти се допадна, но тоа не ти дава за право да удираш. Да  му се понуди алтернатива, да побара помош, да му дадеме друга топка. Кога на глас ќе му ја опишеме неговата состојба: -Изгледаш вознемирено. Именувањето и објаснувањето на емоциите секогаш е добро. Децата на помала годишна возраст често реагираат агресивно затоа што не се во можност  да ги изразат своите емоции и јасно да кажат што им пречи. Ако не сме сигурни што детето чувствува, велиме: И јас би била лута кога некој би го зел моето јаболко. Ако агресивното дете  е постаро, отворено се прашува  да ни објасни како се чувствува. Кога станува збор за емоциите се вметнува и сопственото видување за одредено однесување и одредена ситуација.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Урнебесно: Што се случува кога мајката е б...
Една мајка од Хрватска, која со години е преселена, живее и гради кариера во САД, се прослави како победник на натпревар...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?