|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

8 намирници за прочистување на црниот дроб

Редакција Рингераја, 13.4.2018
Црниот дроб е втор по големина орган во човековото тело. Благодарение на работата на црниот дроб, се извршуваат голем број функции вклучувајќи: нормално одвивање на метаболните процеси, одбрана на организмот, детоксикација на крвта...

image
/11


Со оглед на тоа што црниот дроб извршува голем број функции кои се од витално значење за човековиот организам, неопходно е да се сочува неговото здравје. Правилната исхрана може да ја подобри работата на црниот дроб и да овозможи непречено одвивање на биохемиските процеси.

Дознајте кои намирници се „чувари“ на здравјето на црниот дроб.

 

ЦВЕКЛО

1

Цвеклото е богато со флавоноиди и бета-каротен, состојки кои ја подобруваат функцијата и го промовираат здравјето на црниот дроб. Дополнително, цвеклото помага во прочистување на крвта и елиминација на токсините од организмот.

Се советува секојдневно консумирање на цвекло, најдобро свежо во салата или како свежо исцеден сок.

 

БРОКУЛИ

2

Поради изобилството на антиоксиданси, витамини и фолна киселина, брокулите се одлични за детоксикација не само на црниот дроб, туку и на целиот организам. Дополнително, овој зеленчук содржи изотиоцијанат, супстанција која помага при ослободувањето од канцерогените материи во организмот.

Се советува брокулата да се консумира секојдневно, свежа или приготвена на пареа.

 

ЛУК

3

Лукот е богат со сулфур, алицин и селен, состојки кои му помагаат на црниот дроб во елиминацијата на штетни материи од организмот.

Селенот помага во природната детоксикација, алицинот се бори против штетните агенси, а сулфурот ја подобрува работата на ензимите. Затоа, се препорачува редовно консумирање на лук.

 

ЦИТРУСНО ОВОШЈЕ

4

Цитрусните овошја се богати со витамин Ц и антиоксиданси, кои помагаат за природна детоксикација на црниот дроб. Состојките кои се наоѓаат во лимонот, портокалот, цитронот и другите цитрусни плодови, овозможуваат елиминација на токсичните материи, така што му помагаат на црниот дроб токсините да ги трансформира во материи кои се растворливи во вода.

Затоа, секојдневно консумирајте цитрусни плодови, сирови или свежо исцедени, особено наутро за максимален ефект.

 

КУРКУМА

5

Куркумата е одлична за подобрување на функцијата на црниот дроб. Овој зачин, кој со својот топол и горчлив вкус по малку потсетува на ѓумбирот, ја стимулира работата на ензимите во црниот дроб и ги прочистува слободните радикали кои имаат канцероген ефект.

 

ЗЕЛКА

6

Зелката ја има идеалната комбинација на состојки кои ја поттикнуваат работата на ензимите во црниот дроб и целокупно ја подобруваат неговата функција.

Во секојдневното мени може да вклучите каков било тип на зелка: зелена, црвена, кинеска, прокељ итн. Најдобро е да се консумира свежа.

 

ОРЕВИ

7

Омега-3 масните киселини и амино киселините го прочистуваат црниот дроб и ја подобруваат неговата функција. Овие состојки во изобилство се наоѓаат во оревите, па затоа не заборавајте да ги вклучите во вашето секојдневно мени.

 

ЈАБОЛКА

8

Јаболкото е едно од најдобрите овошја за детоксикација на организмот. Со помош на состојките кои ги содржи јаболкото, особено со пектинот, црниот дроб одлично се справува со токсините кои треба да се елиминираат од телото.

Дополнително, јаболкото содржи јаболкова киселина која исто така помага при отстранување на токсините и канцерогените материи од крвта.

Може да консумирате каков било вид на јаболка, најдобро свежи во овошна салата или како свежо исцеден сок.

Први реакции на родители на дете со интеле...
Ниеден родител не сака неговото дете да биде болно, попречено или повредено на било кој начин. Но кога родителите дознав...
27
Детето и домашното милениче
Со добра подготовка детето и домашното милениче можат многу добро да живеат заедно. Истражувањата покажаа дека децата к...
15
Како да се заштитите од мали сипаници - Мо...
Алармантна ситуација со заразното заболување Морбили кај нас во Македонија, поготово во последниве неколку години. Оваа ...
11
Подобро здравје со домашните миленичиња
Во едно истражување, кое опфатило 240 брачни двојки, сопствениците на миленичиња имале понизок крвен притисок и помали о...
8


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

ime na mojata kerkicka.............
majona

sakam da znam sto poveke vi se dopaga :-)

ina (75%)

dina (25%)


Број на сите гласови: 100

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!