|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

5 работи за кои мајките мечтаат!

Редакција Рингераја, 31.7.2014
Сите знаеме дека ниедна мајка не би одбила машина за миење садови која сама ги става чистите садови во плакар, или робот кој масира стапала. Сепак, постојат некои помалку познати фантазии на мајките, кои можат да им донесат голема радост
Клучни зборови:

image
/11


 

Големо спремање

Кога ќе стигне бебето, мечтаете за денот кога ќе се наспиете добро, но со тек на време стандардите драстично ви се намалуваат. За некоја година, вашата идеја за добар провод е еден ден поминат во непречено големо спремање на куќата, додека некој друг се занимава со вашите деца. Кога подобро ќе размислите и ден поминат во копање на пченката ви делува како спа третман во однос на вообичаениот ден со децата исполнет со галама, кавги и прашања.

 

Гледање на цртан филм

Станот ви е преполн со ЦД-а од цртани филмови, ДВД плеерот е загреан од работа, но кога подобро ќе размислите, не можете да се сетите на ниту еден цртан филм кој, откако сте мајка, сте го изгледале од почеток до крај. Бидејќи се знае – додека децата уживаат гледајќи, вие ја чистите полната кеса од правосмукалката, обидувајќи се да најдете некој дел од Лего гаражата, или го претворате синоќешниот прилог од вечерата во денешна чорба од зеленчук. Да залегнете и да гледате цртан филм, би значело дека куќата ви е во каков-таков ред и дека сите се нахранети.

 

Грип

Да, има нешто полошо од главоболка, бладање за време на грозница под три јоргани и губење на способноста на говор заради отечените крајници. А тоа е да бидете болни, но малку помалку. Бидејќи ако не сте дибидус болни, домашните ќе очекуваат од вас да ги служите со вообичаениот интензитет. Од друга страна пак, кога ќе ве победи тежок случај на грип, можеби ќе се чувствувате како да ве прегазил воз, но некаде длабоко во себе изнемоштено ќе скокате од среќа што конечно и вие имате право да бидете болни и вон функција.

 

Летовање – без вас

Кој е тој што не обожава летување, море, песок и сонце? Хмм..па зар тука не спаѓаат стомачни вируси, осипи, сончаница, воспаление на ушите, обврската за постојан надзор на вашите непливачи и полупливачи, па перење на безбројните купачи костими по враќањето од плажа, спростирањето на милион крпи и уште досадното пакување и распакување? Изненадувачки, но 10 дена во празен стан под спуштени ролетни и повремено разладување под туш, ви делуваат како најлуксузен аранжман од туристичкиот водич, кој никогаш нема да можете да си го дозволите.

 

Децата повеќе го сакаат тато

Убаво е да се биде потребен и обожуван, но зошто баш вас мора да ви го прочитаат секој состав кој го пишуваат за домашна, или да ви ја прераскажат секоја анегдота од големиот одмор.  Зар не би било подобро понекогаш да ве одминат како да не ве познаваат и да се концентрираат на тато тогаш кога имаат да раскажат нешто важно?

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

9 начини за СТОП на “дерењето”
Кога Вашето дете Ве полудува, тоа може да се почувствува дека се што прави е погрешно. Наместо да губите контрола, погл...
3
Децата беа мирни додека ти не си дојде?!
Дали некогаш ви се случило да слушнете од својот сопруг: Децата беа добри и послушни цел ден, но во секундата кога те ...
3
Омилените фрази на тато
Ти мислиш дека јас сум банка? Работата не убива! Да ти кажат да скокнеш од мост би скокнал/а ли? ... и други слични мудр...
3
Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
3




Анкета

Koe e poubavo
HAPPY S

Za bebeto na moja drugarka,seuste nema ime :) bidejki nemozat da se odlucat seuste,pomegu nekolku,ve molam glasajte da go vidime mislenjeto na drugite,iminjata se moderni,a mene favorit mi e prvoto,no da go vidam i vaset_o mislenje

Ilaria (12%)

Klara (38%)

Fiona (9%)

Ilariona (2%)

Lorena (39%)


Број на сите гласови: 358

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!