Лекции напишани од Dani Ryan, кои се важни за сите мајки кои имаат ќерки
- Никогаш не користи миризливи тампони.
- Секогаш гледај ги луѓето во очи кога разговараш со нив.
- Не штеди на вино, парфеми и ташни. Тие многу зборуваат за една жена.
- Сирење печено на скара, сенвичи и макарони се јадат со кечап. Јајцата не.
- Ти не си подобра од никого и никој не е подобар од тебе.
- Тоа што можеш да влезеш во екстра-мала облека, не значи и дека треба да ја носиш.
- Не е важен квантитетот на пријатели, туку квалитетот.
- Може да се каже многу за некого, ако се погледнат само неговите чевли. Гледај секогаш да ти бидат чисти.
- Кога луѓето ти зборуваат, слушај ги.
- Имај секогаш пари во резерва. Животот знае да биде суров.
- Прошетај го светот.
- Јади за да живееш, не обратно.
- Луѓето паметат какви чувства сме им предизвикале. Не го заборавај тоа.
- Не озборувај. Освен со мене. Јас гоја обожавам таа работа.
- Не го собирај стомакот. Тоа не е во ред.
- Оди на факултет, живеј сама и забавувај се. Но и учи. Дипломата ќе ти донесе добро работно место.
- Преземи одговорност за своите постапки и извини се кога не си во право.
- Не плаши се да паднеш.
- Ако за него рониш солзи, кои не се радосници – не те заслужува.
- Повтори по мене: Јас можам да постигнам се.
- Не спиј со секого. Мажите може да се забавуваат со лесни девојки, но нема да ги земат за жени.
- Не биди болен губитник.
- Не биди премногу сериозна.
- Чаша вотка пред шопинг, го прави целото искуство многу попријатно.
- Не е важно на која возраст си. Ако случајно си се напила јави ми се мене. Јас ќе ве однесам тебе и другарките дома. И нема да поставувам прашања.
- Никогаш не ги осудувај луѓето кои не ги знаеш, освен ако не си изодела цел километар во нивните чевли.
- Нека не помине ниту еден ден без да слушаш музика.
- Иако си во брак со него, не практикувај незаштитен секс.
- Кога носиш хулахопки, секогаш имај еден резервен пар во ташната.
- Не плаши се да излезеш без шминка. Делува премногу ослободувачки.
- Носи очила.
- Научи да велиш НЕ.
- Читај многу книги.
- Правилата се за да се кршат. Освен моите.
- Секогаш сметај на мене.
- Никогаш не заспивај налутена. И не му кажува се на партнерот.
- Научи да готвиш. Јас не научив, но и двете знаеме како тоа испадна.
- Дури и кога ќе ме нема, секогаш ќе бидам со тебе.
- Никогаш не ја губи смислата за хумор.
- Се ќе биде во ред!
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Личниот пример е најмоќната родителска лек...
Децата не учат само од тоа што им се кажува, туку многу повеќе од тоа што го гледаат кај возрасните. Начинот на кој роди...
5
Зошто играта е „работа“ на детето?
Иако на возрасните играта им изгледа како забава, кај децата таа има многу подлабоко значење. Играта е природен начин пр...
4
Дали е подобро да си единец?!
Значи, тоа се деца на кои родителите им дозволуваат се', кои добиваат се' што ќе посакаат, тоа се деца кои немаат ривали...
3
Татковци во првите месеци, нивната улога и...
Кога се зборува за новороденчиња, фокусот речиси секогаш паѓа на мајката: нејзиното тело, нејзината исцрпеност, нејзинио...
3