Порано се оправдував со нормални работи – мојата коса не беше убава, мојот будилник не заѕвони, имаше густ сообраќај...Сега, моите изговори изгледаат вака:
Јас никогаш не бев неверојатно точна личност, но откако станав родител имам целосно нова палета на оправдувања зошто доцнам на состаноци, на работа, на училиште и на забави. Порано се оправдував со нормални работи – мојата коса не беше убава, мојот будилник не заѕвони, имаше густ сообраќај...Сега, моите изговори изгледаат вака:
Жал ми е што доцнам, но...
- Ќерка ми не можеше сама да ги облече чорапите.
- Двете деца мораа да какаат кога рековме дека ја напуштаме куќата.
- Не можев да си ги најдам клучевите. Ми беа во новчаникот.
- Моите деца се степаа кој на кое седиште да седи во колата.
- Мојот син одлучи да се бори со кучето во моментот кога требаше да излеземе низ вратата, па моравме да го чистиме крзното од неговата облека.
- Одеднаш, ниту едни чевли не беа во пар. НИТУ ЕДНИ.
- На излегување почнаа да ме прашуваат од каде даѓаат бебињата. Не им се допаѓаше одговорот па се држеа за кваката од вратата.
- Пред излегување детето толку се извалка што морав да го бањам и целосно да му ја менувам облеката.
- Мојот син си го одери коленото на пат кон колата.
- Одеднаш моите деца станаа премногу жедни, па морав да им купам пијалаци. Потоа им текна и дека се гладни.
- Никој не ме слушнал иако 20 пати реков “Време е да одиме!”, со различна јачина на гласот.
- Ќерка ми почна ненадејно да плаче за некоја случка од пред неколку часови. Реков часови? Мислев денови.
- Моите деца се тепаа за тоа кого кучето сака повеќе.
- Беше крајно време некој да праша за тоа што се случува во пубертетот...и да не биде задоволен со одговорот.
- Не можев да си го најдам телефонот...ми беше во рака.
- Син ми доби треска на пат кон колата.
- Кучето не дочека да му ја отворам вратата...па уринираше на подот во кујната.
- Син ми пронајде какушка од куче...со патиката.
- Моите деца се степаа која радио-станица да свири.
- Син ми се сети дека заборавил да напише домашна.
- Беше супер време некој да праша за хомосексуалноста.
- Ќерка ми се пресоблече 13 пати, за да почувствува дека ја најде вистинската комбинација.
- Моите деца си ги удрија главите влегувајќи в кола.
- Син ми си го повреди лактот.
- Моите деца се расправаа чиј јазик е подолг.
- Ќерка ми одлучи дека мора да се чисти и преврзува старата рана на ногата. Откако не можевме да ја најдеме раната, бидејќи поминала, чистевме, мачкавме и стававме завој таму каде што се сеќававме дека беше.
- Не можев да си ги најдам наочарите. Тие ми беа на очи.
- Ќерка ми одлучи да ти нацрта нешто. Мора да ти се допадне.
- На излегување од дома утврдивме дека го нема плишаното мече со кое не си играле со месеци. Моравме се' да превртиме дома за да го најдеме. И не го најдовме.
- Мојот син падна од автомобилот додека влегуваше.
- Не можев да си ги најдам децата. Ме чекале кај автомобилот.
- Ќерка ми сфати дека заборавила да стави долна облека под фустанот.
- На ќерка ми и се скрши ноктот и беше нервозна.
Имате и вие некое чудно оправдување?
Додадете го.
:)
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
7 начини да поминете повеќе квалитетно вре...
Во динамичното секојдневие, многу родители се соочуваат со предизвикот како да најдат доволно време за своите деца.
13
Како дојдов на овој свет?!
Оваа книга ја сакаат и мама и тато и бато и дада и баба и дедо. Оваа книга ја напишавме бидејќи мислевме дека сакаш да д...
4
Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
4
Мирис на ацетон од детската уста
Се работи за доста чест проблем на малите деца, а причините можат да бидат различни. Со тек на растењето симптомите се н...
4