Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Најлесно и најнеразумно е да го завршиме спорот со задоволување на желбата на детето за купување. Тоа се смирува до следниот ден, кога пак ќе се најдете пред некој предизвикувачки штанд и тогаш започнува уште понапорна борба.
Најважно е да се навикнете да го одбивате детето. За тоа се бара огромна доза трпение и правилен пристап.
Угодувањето е привремено решение кое е како темпирана бомба. Треба да го преминеме успешно овој период од животот на детето, ако сакаме со тек на време да немаме уште посериозни проблеми и конечно да одгледаме човек кој е вечно незадоволен, ако не биде по негово.
Кога ќе сакате да му откажете нешто на детето, најдобро не зборувајте со зборовите "Не! Нема да ти купувам ништо!" Поправилно е да му објасните дека денес нема да ја купите оваа играчка, бидејќи пред неколку дена сте му купиле друга, а така не е дозволено. Добро е да му покажете дека на вас, исто така, ви се допаѓа и да пројавите интерес и жалење што нема да ја имате дома оваа прекрасна играчка. Кажете му дека следната недела, ако имате можност, може пак да поминете и да ја земете.
Друг добар пристап е да го убедите детето дека предметната играчка не му е воопшто потребна и не е особено убава. Обрнете внимание кон нешто друго. Децата брзо се импресионираат од сè околу нив и забораваат на "проблемите", штом си најдат нови возбудувања.
Најважно е да не се доаѓа до крајните сцени, кои да го оптоварат детето и вас. Се разбира, речиси невозможно е да избегаме 100% од солзите во очите и реплики од видот "Мамо, многу си лоша! Веќе не те сакам! . Во оваа ситуација ќотекот е понижувачки за вас и штетен за психата на детето.
Научете го детето да го препознава предупредувачкиот поглед на мама и да знае дека ако направи нешто лошо, мама ќе го кара. Треба да го контролирате вечното "сакам", но не и да изливате тензија врз детето.
Почувствувајте ја златната средина помеѓу она што можете да го дозволите и она што ќе го оневозможите. Така ќе ја заработите почитта на детето, од што секој родител има потреба.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Први чекори кога бременоста не доаѓа
Кога посакуваната бременост не се случува веднаш, многу парови чувству...
Како да го подготвите првото дете за доаѓањето на бебе?
Доаѓањето на нов член во семејството е возбудлив момент, но за првото ...
Кога отокот во бременоста е нормален, а кога е аларм?
Отекувањето на стапалата, глуждовите и дланките е чест симптом за врем...
Разлика меѓу природни и синтетички витамини
Витамините се неопходни за правилно функционирање на организмот, но ко...
Најдобри пози за зачнување, што вели науката
Кога паровите се обидуваат да добијат бебе, често се поставува прашање...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?