|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

14 генијални цитати на славниот руски педијатар

Редакција Рингераја, 13.10.2015
Јевгениј Олеговиќ Комаровски е еден од најпознатите и најпризнати педијатри на територијата на бившата СССР. Доктор на медицински науки, ТВ водител и автор на 15 книги за нега на детето

image
/11



На многу едноставен начин изнесува драгоцени информации за здравјето и воспитувањето на децата, заради што го ужива почитувањето о0д родителите

Одбравме 14 цитати на педијатарот Комаровски, чии совети им помогнаа на стотици луѓе:

  1. 100% од возрасното население знае како се прават деца, но 99,9% од нив не знаат како се прават луѓе.
  2. Психичката благосостојба на мајката, која води грижа за детето е најголема задача за таткото. Таткото е тој чија обврска е да ги решава проблемите со роднините и комшиите.
  3. Среќно дете е пред се дете кое е здраво, а дури потоа дете кое умее да чита и свири виолина.
  4. Среќно дете е детето кое има мајка и татко, кои пак имаат време не само да го сакаат детето, туку и меѓусебно да се сакаат.
  5. Ни голем број на педијатри, ни најдобриот педијатар нема да ги реши здравствените проблеми на детето. Тоа е невозможно пред се бидејќи неговото здравје зависи од грижата на мама и тато, отколку од грижата на сите педијатри заедно.
  6. Детето на никому не му е должно ништо.
  7. Лично, кога ќе ми дојдат родители со дете кое често боледува, често ги советувам да набават куче. Бидејќи кучето е реална причина која може да ги натера родителите два пати дневно да го изнесат детето на прошетка.
  8. Ако вашето дете цела година било болежливо, ако не трчало, одењето на село (каде тече река) може да има подобар ефект на неговото здравје, од летување на Средоземното море во хотел со 5 ѕвездички.
  9. Детето треба да биде баш такво – слабо и активно.
  10. Сигурен сум во тоа дека повеќето деца се раѓаат здрави, но здравјето им го нарушуваат...родителите и медицинските работници.
  11. Кога ќе се роди бебе – човечко битие – тоа е биолошко суштество исто како мече, прасе, волче...Затоа основна задача во првата етапа од животот е да се држиме до биологијата, а подоцна да преминеме на развој на социологијата.
  12. Суштинската идеологија на еднократните пелени се состои во следното: на детето не му се потребни пелени! Тие и се потребни на мајката!
  13. Среќата и здравјето на семејството се најважни. Семејството треба да се однесува во согласност со семејните интереси, а не во согласност со интересите на детето.
  14. Што е најважно: Ти не си центар на вселената. Ние како семејство – сме центар на вселената. Добрите луѓе секогаш, секаде и кон секого се добри. Подели се' добро: расположение, храна, предмети. Не кукај.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детето беснее, што да (му) правам?
Кога малите деца имаат изливи на бес, родителите ги гледаат само последиците преку нивното однесување, а всушност треба ...
4
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
4
Претпазливост за време на скијање
Иако е зима и е ладно не значи дека сонцето неможе да ја оштети нашата кожа, советува новата студија за ултравиолетовото...
4
Не давајте антибиотик без причина
Никогаш на своја рака не му давајте антибиотик на вашето дете! Секогаш консултирајте се со стручно медицинско лице, доне...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?