Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Но тоа не значи дека немаме простор за фантазијата!
Еве 10 фантазии кои сите родители на мали дечиња ги имаат
Мотел/хотел
Не сум се разбудила природно веќе неколку години. Можеби имало неколку ноќи каде што сум спиела цврсто, неразбудена од бебе мониторот или повици од другата соба “мамоооо”.
Кога спијам, сонувам за хотели, сонувам за цврст сон и како се будам и пијам кафе лежејќи во кревет!
2. Чистачка - ефикасна и ефтина!
Мразам да чистам! Времето за чистење е ограничено, а не можам да си дозволам редовна чистачка. Куќата е валкана. Си сонувам за една прекрасна и ефикасна чистачка на која бришење прашина и метење и е најголема страст!
3. Плус време во временскиот простор кој постои!
За ова, мислам и за сексот. Но пред времето за секс кое го посакувам толку многу, сакам доволно време за да ги завршам сите обврски кои треба да се завршат, плус малку време за себе, да повежбам, да се стокмам...сите работи кои сум ги правела без деца! Значи сакам ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ!
4. Одмори и празници испланирани од холивудски продукциски тим!
Кога стануваш мајка, многу работи кои биле претходно прикриени стануваат видливи - колку труд има во организирање одмор или празник. Обожувам славење на празници, и да, сум во ред да придонесам кон работата за да се остварат, но би било волшебно доколку еден тим од самовили кои се експерти во подготвување и виткање подароци би биле на моја страна!
5. Мери Попинс на дадилките!
Ах тие дадилки во приказните! Пристапни, добро истренирани. Тешко е да се најде некој кој ќе ти го чува детето баш како што сакаш. Секако и ефтини :)
6. Свемирско решение за сушење на косата.
Често посакувам една таква машина, некој тунел или просторија каде што ќе влезеш и косата ќе се исуши за 30 секунди. Но, го нема тоа, па често и мора да се задоволам со надворешниот воздух. А мојата коса како што има тенденција да се исуши во форма на пустинска песочна дина, сплескана за челото, рипната од позади, баш и не се чувствувам најсамоуверено.
7. Здрави, превкусни ручеци кои ќе си паднат од небо.
Веќе поставени на чинијата, ги задоволуваат сите луѓе, не се премногу жешки ниту ладни. Сите сосови, вода, вилушки, ножеви, се веќе поставени на масата!
8. Машина за садови која сама се полни.
Или барем една лента која се движи од масата кон машината за перење.
9. Под од кујната кој има вградена машина за шмукање.
После ручекот, оп, се отвара целиот под, ги шмука сите трошки и останува беспрекорен. Ајде инженери, што чекате, создадете го!
10. Пиштолче за смирување кое не повредува.
Ох ова го имам посакувано кога палавковците ја претворија спалната во оние воздушни замоци за скокање! Тие скокаат, јас поразена се влечам на подот, во мојата работна облека, ја сонувам вечерата и една чаша алкохол! Што би дала за едно такво пиштолче што ќе ја убрза рутината за пред спиење.
Добро, од сите овие фантастични соништа, би се помирила со малку повеќе време, сон, и добро де, една чаша виски!
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Семејството е местото каде што започнува сe
Тоа е местото каде што ги правиме првите чекори, каде што учиме што зн...
Во време на брзи промени, дигитална оддалеченост и зголемен стрес, емп...
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...