vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Односот со свекрвата е комплициран и проблематичен за 40% од снаите. Најголеми фрустрации предизвикуваат нивните добронамерни совети и плеткањето во односот со сопругот. Читателките на Huffington post ги споделија неверојатните навреди кои ги слушнале од свекрвите:
Свекрва ми ми рече: Знам дека одгледуваше деца, но веќе си навистина стара за да бараш работа. Инаку немам ни 35 години.
Свекрва ми стави видео на FB како вежба фитнес и ме означи мене со коментар. јас внимавам на сопствениот изглед, а ти кога ќе почнеш?
Мојата свекрва украде од нашите покани за свадба, за да им ги испрати на луѓе кои не сакавме да ги поканиме. Сакавме мала свадба со луѓе кои ги познаваме и кои ни се драги. на крај, половина од гоститге на свадбата не ги знаевме.
Свекрва ми ме праша што мислам за балерините од “Оревокршачката”. Кажав дека се прекрасни. Потоа ме праша дали сум вержбала балет. Реков дека не, а нејзиниот одговор беше: “Така и мислев. балерините многу внимаваат на своето тело”.
Кога мојот свршеник им соопшти на своите родители дека ќе се венчаме, неговата мајка беше разочарана. Го праша дали е сериозен. Го праша и дали ме сака повеќе од Ејми, на што тој зачудено ја погледна. “Но јас баш ја сакав Ејми” – рече.
Прво што ми рече свекрва ми кога останавме сами беше: “Чудно ми е што не си црвенокоса. Син ми паѓа на црвенокоси жени”.
Свекрва ми ме нарече вавилонска блудница откако разбра дека живеам со нејзиниот син. Инаку во врска сме од средно училиште и бевме заедно 6 години пред да одлучиме да живееме заедно.

3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Раѓањето на дете е еден од најубавите, но и најголемите предизвици за ...
Безбедно разладување на просторија каде што спие бебето
Во топлите летни денови, високите температури можат да бидат непријатн...
Слатки или кисели јаболки, кое за што е најдобро?
Јаболката се едно од најздравите овошја и заслужено го носат епитетот ...
Вистинската паста за заби за вашето дете
Грижата за детските заби започнува уште со појавата на првото запче. ...
Бартолиновите жлезди се мали жлезди кои се наоѓаат во женскиот репроду...