vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Не е важно колку стомачни можете да направите, ако не јадете правилно. Мора да го “дисциплинирате“ фрижидерот ако сакате да извлечете максимум од вежбите и да имате убави и видливи стомачни мускули.
Постојат 5 златни правила кои треба да ги почитувате
Појадувајте како крал, ручајте како принц и вечерајте како сиромав.
Дневно треба да консумирате 6 мали оброци (за да се задржи нивото на шеќерот во крвта) и пијте 3 до 4 литри вода.
Во организмот внесете барем 150 гр протеини од црвено месо, риба, пилешко, јајца,млеко,сирење, мешунки. Телото користи 20 до 30 % повеќе енергија за разградба на протеини отколку за разградба на јаглени хидрати. Немојте да бидете без храна повеќе од 3 часа и не јадете по 23 часот.
Што да воведете во исхраната?
Пет оброци овошје и зеленчук, дневно
Појадок со многу јаглени хидрати, колку порано толку подобро.
Изедете зобена каша или кајгана, оревите,семките и сувото грозје прават добри лесни оброци во текот на денот.
Неделната исхрана збогатете ја со здрави маснотии како рибино масло, мешавина од оревасти плодови и семки,многу зеленчук (спанаќ, зелка, марула, брокула), протеински шејкови еден час пред да вежбате и веднаш по вежбањето, немасно месо и риба, грав, леќа, интегрален ориз, зелен чај, немасно сирење и обичен јогурт, портокали, грејпфруит, мандарини, лимон и лимет...
Што треба да се исфрли од исхраната?
Сосовите. Користете само ладно цедено маслиново масло, масло од сусам, лимонов сок, вински оцет и соја сос со малку сол за да ја зачините храната,
Алкохолот. Од алкохол повремено користете само вино, вотка, лимет и минерална вода, под услов да не се претерува
Чипс, слатки, чоколади и мармалад.
Бели тестенини, бел ориз и леб.
Храна нарачана од ресторан, газирани пијалоци и јагленохидрати навечер.
Типичен ден
Наутро во 7 часот...каша од зоб со банана и суво грозје,зелен чај
Во 10 часот ..... 2 јајца(варени или печени во тефлон тава) со 1 парче црн леб,
Во 12 часот......протеински шејк (пред тренинг),
Во 14 часот.....протеински шејк (после тренинг),
Во 15 часот......бело пилешко со спанаќ, домати и малку варен компир,
Во 17 часот.....протеински шејк
Во 20 часот.... риба (туна, лосос) на скара (во тефлон) и брокула, моркови и соја сос, за десерт папаја и сок од лимет и ѓумбир.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Што е замрзнато рамо и како да го препознаете?
Замрзнатото рамо, познато и како адхезивен капсулитис, е состојба при ...
Првите денови од бременоста. Што треба да направите?
Позитивниот тест за бременост е момент што може да го промени целиот в...
Зошто разделбата од семејството може да биде тешка?
Заминувањето од семејниот дом, преселбата во друг град или земја, па д...
Зошто е важен датумот на последната менструација?
Датумот на последната менструација е многу поважен отколку што можеби ...
Протеин од сурутка - предности vs. недостатоци
Протеинот од сурутка (whey protein) е еден од најпопуларните додатоци ...