|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Плетењето го научив уште од тинејџерска возраст од мојата мајка, кое мене најпрво ми беше само хоби, а сега еден вид на заработка. А до ден денес ја имам нејзината поддршка и помош. Ве запознаваме со Маријана, yarndreamss

image
/11


Рингераја: Многумина го познаваат профилот Yarn Dreamss, но колкумина ја познаваат уметничката Маријана која стои зад него

Маријана yarndreamss: Најпрво голема благодарност на Вашата покана за интервју, и морам да кажам дека ме израдува вашата порака и тоа дека сте тука да ги подржите оние кои не се толку видливи меѓутоа многу гласни со своите дела. Моето име е Маријана и секогаш е многу подобро кога ќе ве опише некој друг него самите вие. Но еве, за мене можам да кажам дека сум една уметничка душа која секогаш го гледа доброто во секој еден од нас. Скромна по природа која сака да ужива во добра книга и кафе, прошетки на зајдисонце и природа. Плетењето го научив уште од тинејџерска возраст од мојата мајка, кое мене најпрво ми беше само хоби, а сега еден вид на заработка. А до ден денес ја имам нејзината поддршка и помош.

 

slika1

 

Рингераја: Како дојде до идејата со твоите уникатни производи да им го разубавуваш сонот на

најмалите?

Маријана yarndreamss: Можам да кажам дека најмногу заслужна за тоа е пандемијата. Еден тежок период за сите нас кои не стави на еден тест да се спознаеме себеси. Секако благодарна на Бога за се што помина добро и од целата таа ситуација  произлезе еден убав проект сега. Како еден вид на психотерапија почнав најпрво да изработувам плетени ташни, нормално за своја душа. Наредното нешто беше ќебенце кое го направив своерачно, а намерата беше за подарок. Ми се допадна идејата да изработам повеќе ќебенца бидејќи најмногу се пронајдов во нив. Така последователно имаше уште неколку ќебенца кои исто така беа подарени на мои блиски пријатели. Чувството е преубаво, како да даваш еден дел од себе на другите, а најмногу ме радуваа позитивните коментари како овие ќебенца се многу практични посебно за постудените денови. И тогаш имаше еден коментар од моја блиска личност

 “ Маријана, а зошто да не си направиш страна на инстаграм и да почнеш да ги продаваш, стварно се многу убави сигурно ќе има многу што ќе сакаат да им направиш.”  И така настана Yarn Dreamss.

 

Рингераја: Кој е твојот прв изработен производ и за кого беше наменет?

Маријана yarndreamss: Првиот производ беше меко пуфкасто бебешко ќебенце за мојата другарка која во тој период очекуваше принова. Прекрасен подарок за бебенце. 

 

slika2

 

Рингераја: Ќебенцата се твој фаворит. Но денес што друго може да се нарача од твојата

работилница?

 

Маријана yarndreamss: Претежно изработувам ќебенца. Ќебенцата можат да бидат во димензија како што најмногу им одговара на моите клиенти. Обично бебешките ќебенца се со димензија 80x80 или 70x90. Некој сака да биде ќебенцето 100x100 што нормално дека и тоа е возможно бидејќи се стремам кон задоволувањето на потребите на купувачите. Ќебенцата можат да бидат изработени единечни 120x180 или дупли 200x220 како додатен детал од домот кое ќе го направат топол, а истовремено и декоративно место за престој.

Изработувам исто топлинки за бебиња како совршен додаток со ќебенце. И нешто најново сега меки мечиња гушкалчиња за најмилите.

slika4

slika3

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Рингераја: Каков е процесот на изработка на едно ќебенце? 

Маријана yarndreamss: Од моментот кога ќе добијам порака дека некој сака да му изработам ќебенце се вложува максимално внимание на делот какво да биде ќебенцето, која боја, плетка, големина... Откако е направен договорот согласно потребите на клиентот започнува изработката на ќебенцето со 100% рачна изработка од почеток до крај и една голема љубов. Не користам никаков вид на игли, тоа е сплет од конец за плетење, раце и љубов. Откако ќе биде изработено внимателно се пакува и доставува до адреса.

slika6

 

Рингераја: Кои материјали ги користиш за изработка?

Маријана yarndreamss: Материјалот кој што го користам е конец за плетење кој е 100% микрополиестер, безбеден и хипоалерген. Може да се пере и суши во машина без да ја изгуби неговата мекост.

 

slika7

 

Рингераја: Веќе видовме дека имаш голем талент во изработка на ќебенца. Кои се твоите следни

планирани креации?

 

Маријана yarndreamss: Како што доаѓаат денови на кои што им е потребна топла прегратка од меки пуфкасти ќебенца, планирам да воведам и некои нови плетки на ќебенцата, а исто така изработувам  капи и шалчиња за најмалите. Тие се непропустлив дел од аутфитот на зима за секој еден од нас па дури и за најмалите. Исто во процес е изработка на интересни пакетчиња за бебиња кои ќе бидат во ограничена количина, а информација за нив ќе имаме за брзо на нашите социјални страни.

 

slika9

 

Рингераја: Опиши ги твоите производи со неколку зборови.

Маријана yarndreamss: Моите производи се дел од мене, за мене тоа е како да даваш еден дел од себе на секој еден кој што ќе посака да купи од моите производи. Целата моја љубов, внимание и труд преточени во рачна изработка. Можам во целост да кажам дека производите се квалитетно изработени, внимавано на секој еден детал.

slika10

 

Рингераја: Маријана што би кажала за крај на овој убав и пријатен разговор.

Маријана yarndreamss: За крај уште еднаш Ви се заблагодарувам на вниманието и можноста да го запознаат многумина Yarn Dreamss одблиску. Живееме во време каде што ни е достапно се насекаде, многу лесно и едноставно, но ме радува фактот што има и многу кои го ценат туѓиот вложен труд и се купува за подарок или за сопствено уживање рачно изработени дела. Секој еден од нас е добар во нешто, пронајдете го најдоброто во Вас и преточете го во ваша крајна идеја.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Поддржуваме мали бизниси: Дора Мода
Еден Инстаграм профил го привлече нашето внимание. Станува збор за doramodahandmade и нејзините хеклани приказни
5
Елена Ристеска и Бојан денес се венчаа тајно
Поп ѕвездата Елена Ристеска и нејзиното момче Бојан Ивановски денеска тајно се венчаа во манастирот Св. Јован Бигорски. ...
4
Џенифер Анистон ја откри тајната на убавината
Најпопуларната фризура, прамени кои се бараат во секој фризерски салон, тело на кое не може да му се најде замерка и уло...
3
Северина роди син
Многу хрватски медиуми веќе пишуваат за првороденото дете на балканската ѕвезда Северина.
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?