Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Емилија Кулева Стојаноски, по струка графички дизајнер, мајка на две деца,е уште еден успешен пример како од една идеја преку развој на истата во хоби може да прерасне во успешна бизнис приказна.
Рингераја: Како се роди идејата за еден ваков бизнис?
Емилија: Како мајка на бебе и мало дете и голем поддржувач на се што е во корист на природата, решив да започнам со нешто свое. Најпрво производите ги направив за моите деца и за најблиските, па бидејќи добив доста позитивни критики, решив да ги споделам со поширок круг на луѓе. Производите се целосно природни и рачно изработени со многу труд и љубов.
Рингераја: Во вашата понуда има голем број на различни производи, меѓу кои и рачно изработена органска козметика. Кои производи поточно ги нудите?
Емилија: Има неколку видови на производи
- органски лосион за тело
- органска крема за раце
- органски балзам за усни
- органски балзам за превенција од стрии и лузни
- органска крема за стопала
- органски балзам за миленици и нивните шепи
На профилот може да се забележат и персонализирани подароци, истите ги изработувам јас како графички дизајнер по струка постерите се хоби кое прерасна во мал бизнис. Органските производи имаат дизајн кој е исто изработен од мене.
Рингераја: Колку сте задоволни од заинтересираноста на потрошувачите за вашите производи?
Што е најпопуларно и најбарано?
Емилија: Засега , најпопуларен производ е кремата за раце и балзамот за усни. Исто голема побарувачка има и за другите но овие два се најверојатно најкористени.
Нов и сега објавен е и балзамот за шепи на миленици кој се покажа како многу ефикасен и баран.
Би сакала да додадам дека како доилка, измолзувам мајчино млеко кое е стерилизирано и го додавам како состојка во производи кои моментално ги користам за мене и моите деца. Сите ги знаеме придобивките од мајчиното млеко и многу сум среќна што може да се користи и на овој начин.
Исто, изработувам и креми по желба на клиентите односно до сега се изработени креми за псоријаза, егзема (атописки дерматитис) и други кожни заболувања каде што пчелиниот восок како главна состојка помага да има подобрување.
Рингераја: Вашата онлајн продавница функционира преку Инстаграм и ФБ профил. Колку од ваше искуство социјалните мрежи се корисна алатка за работење на истото? Стигнувате ли лесно до потенцијалните потрошувачи?
Емилија: Инстаграм е разработена алатка и од тука се продаваат најголемиот број на производи, така што, да задоволна сум.
Поддршката за малите бизниси значи многу.
Заследете го профилот на Емилија и пробајте ги нејзините производи.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Први протеински намирници во дохраната: како и кога?
Воведувањето на протеините во исхраната на бебето е важен чекор во нег...
Лекциите на животот доаѓаат тивко
Животот нe учи на лекции кога најмалку очекуваме. ...
Како да забремените со ендометриоза?
Дијагнозата на ендометриоза може да биде загрижувачка за многу жени, о...
Верувајте во процесот и вашето бебе ќе дојде
Кога еден пар ќе одлучи дека е време за бебе, очекувањето често е дека...
Секое бебе индивидуално се развива во мајчиниот стомак
Многу родители се изненадуваат кога ќе слушнат дека развојот на секое ...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?