vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Таа се заколна дека ќе ги симне килограмите, кога се почувствува неубаво во своето тело носејќи бикини, минатата година. Судејќи по нејзините очи, изгледа дека е задоволна со својот изглед.
43 - годишната Стефани Сејмур изгледаше сензационално во белото монокини на нејзиниот Божиќен одмор во St Barts.
Таа ја одржуваше својата фигура на плажата на Кариби, уживајќи во сурфање и одморајќи се во сенка. "Имав десет килограми повеќе минатата година и се чувствував неубаво во своето тело" - изјави Стефани.
Се чини дека нејзиниот брак со Питер Брант исто така ја врати во одлична форма.
Во почетокот на минатата година беа во агонија, заради битката која ја водеа со разводот. Но во септември истата година открија дека ќе потрошат милиони во бракоразводната парница, па решија да останат заедно. Нивниот обид за развод беше проследен со обвинувања за неверство, злоупотреба на дрога, диво трошење на пари и вовлекување на децата во нивната бракоразводна битка.
Дури и полицијата го посети нивниот дом кога Стефани го обвини својот сопруг за физичко малтретирање, а тој неа за употреба на дрога и дека ги држела во домашен притвор трите свои деца.
Еден ден пред нивниот судски развод, Стефани реши да се обиде уште еднаш во брак со Питер Брант и изгледа им успеа.
Во екот на својата кариера беше на насловните страници на сите списанија, како топ модел, а исто така беше заштитно лице на Victoria Secret.
Исто така, се појави на насловните страни на 300 списанија, рекламирајќи костими за капење. Нејзината слава започна во 1990 година, кога глумеше во двете видеа на Guns 'n Roses, вклучувајќи ја и познатата свадба на ноемврискиот дожд.
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...
Најважни навики за здрава бременост
Здравата бременост започнува со мали, секојдневни навики. ...
Зошто е важен редовниот појадок?
Појадокот е првиот оброк во денот и може да биде одличен начин да му о...