|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Соња Смилевска

Марина Кљајиќ Петковски, 14.11.2021
Дека никогаш не е доцна за остварување на соништата, пример е Соња Смилевска, која во своите пензионерски денови напиша и издаде шест романи. Деновите покрај со творење и се исполнети со слаткото дружтво на нејзината мала внука
Клучни зборови:

image
/11


 

Рингераја: Моментално уживате во пензионерските денови, кои ви се исполнети меѓу другото и со творење. Досега имате издадено шест романи и две џебни книги. Како се роди идејата за пишување и како дојде до тоа таа да прерасне во роман, па во друг итн...?


Соња: Од секогаш сум го сакала убавиот пишан збор, читањето книги секогаш биле и се моја голема љубов. Уште од основно ме привлекуваше и пишувањето, постојано си пишував состави на разни теми и кратки приказни за некој настан што ми оставил впечаток и слично. А потоа кога се вработив во МВР главно се занимавав со следење, проучување, анализирање и пишување за разни настани и случувања врзани со кривичната и прекршочна материја, а често и директно учествував во разврската на истите. Притоа секогаш се трудев тие пишани материјали да ги направам поинтересни за читање, иако сето тоа требаше да се напише во едни ограничени правни рамки каде за емоциите немаше место. А сепак сите ние сме само обични луѓе и емоциите не можеме да ги занемариме, можеме само на одредено време да ги стивнеме, но еден ден тие мора да излезат на површина, да ги излееме.

Кога се пензионирав се решив да пишувам за тие наталожени емоции, за тоа како јас ги гледав, доживував, работев и реагирав на многубројните настани и случки од секојдневниот живот, со кои директно или индиректно се среќавав низ работењето и во животот воопшто.

На првото посериозно размислување за пишување ме наведе една случка што ја доживеав на пријавницата на една полициска станица неколку години пред пензионирањето. Бев присутна кога една жена на дежурниот полицаец му пријавуваше дека извршила грабеж. Случајот покрена многу прашања и емоции во мене. Цел ден пред очите ми беше нејзиниот лик, нејзиниот решителен глас додека јасно и гласно раскажуваше што сторила. И не само тој ден, туку и многу денови потоа размислував за неа, за можните вистински причини што ја натерале да го стори тоа. И во мене почна да се гради приказната за неа, но и за многу други слични луѓе со нивните приказни кои ги запознав низ работата и во животот воопшто. Уште од тогаш знаев дека еден ден ќе ја напишам оваа приказна.

И така, по пензионирањето во 2010 година, по неколку месеци почнав со пишување на оваа приказна. Веќе целосно го имав обмислено скелетот на приказната, точно знаев што сакам да кажам, да опишам, да раскажам. Го земав тефтетот и со пенкалото почнав да ги испишувам страниците со приказната за Сузана и нејзиното семејство, на која од првиот момент ? го дадов насловот „Пред огледалото“. Но сепак, кога почнав да пишувам не бев целосно свесна, не знаев каде сето тоа ќе ме однесе, што ќе излезе од сето тоа. Мислев дека ќе биде расказ или кратка новела, но по завршувањето сфатив дека се работи за сеопфатен роман, дека излезе една прекрасна социјална драма, вистинска приказна од животот.

Во јуни 2011 година го издадов романот Пред огледалото. А потоа едноставно не можев веќе да сопрам со пишувањето. Следеа романите Топокршачот, Црвените чевлички, Сонот, Изгубени души и последниот Затворен на слобода кој го издадов во јуни 2020 година. Воедно издадов и две мали, џебни книгички со по сто мисли и изреки кои ги забележував низ годините, а кои ги нареков Добри мисли. Сите романи самостојно ги издадов, кои низ годините доживеаа повеќе препечатувања и допреа до многу читатели.

1

Рингераја: Што е она што ве инспирира и кои теми ги опфаќате во вашите романи? За која читателска публика се наменети?


Соња: Семејството е секогаш моја главна инспирација за пишување, затоа што мислам дека тоа е основата од каде што сé почнува и се случува за секој човек.

Главна тема во сите шест романи е социјалната, пропратена со одредени криминални и насилни делувања, посебно семејното насилство, со психолошките премрежија низ кои минуваат главните ликови во текот на нивниот животот. А низ раскажувањата на нивните животни приказни раскажувам и за вредностите на семејството и семејниот живот, за пријателството, помошта и помагањето, за маалскиот живот и обичаите кои за жал сé повеќе се губат, за нашиот препознатлив балкански менталитет.

Воедно раскажувам и за тоа како инспекторите, полицајците и сите други во рамките на оперативниот систем на МВР се справуваат со сите тие случаи, колку е комплицирано да се работи со луѓето без разлика дали се оштетени или се луѓе кои се огрешиле од законот, што сé превземаат за да ги откријат сторителите, при тоа со што сé се соочуваат, дали и каде грешат, со еден збор како работат.

Мислам дека моите романи може секој да ги чита затоа што приказните се од реалниот живот, од ова наше сегашно време, секој може да се пронајде во некој дел од нив, или да пронајде и препознае дел од случувањата на нивни блиски и познати, но и да се потсети, да се преиспита, да извлече поука и порака.


Рингераја: Сите досегашни дела ви се самоиздадени. Зошто е тоа така (од аспект,дали е ваш избор или да се оствари соработка со издавач не е лесно....)

Соња: Видете јас не сум од таа фела, не познавав никого, немав поддршка и ветер во грб од никого. Имав многу непознаници во врска со целиот тој процес на издавање и реализација. На почетокот се распрашував, се информирав, па и се обидов да го понудам моето дело на некои издавачки куќи, но искрено истите не ги задоволија моите очекувања. А можеби и јас премногу или нешто поинакво очекував, или можеби погрешен ми беше пристапот. Затоа се решив и тргнав сама, а потоа и продолжив така. Можеби за некое наредно дело ќе се обидам повторно со некоја издавачка куќа, здравје, ќе видиме. Сите романи досега ги издадов самостојно. Воопшто не беше и не е лесно, но некако се носам со сето тоа. А на мое големо задоволство со секое ново дело имам се повеќе задоволни читатели, многу нови пријателства, што за мене е и најбитно.

2

Рингераја: Имате ли некој омилен меѓу вашите романи?

Соња: Сите ми се подеднакво мили затоа што ги напишав со голема љубов, во нив вложив голем труд, ги впишав моите гледања, мисли и емоции.

Рингераја: Работите ли на нешто ново во моментов?

Соња: Секако дека пишувам, имам започнато нешто ново, но засега работам со бавно темпо затоа што имам многу малку слободно време поради слатките обврски со внукичката и рано е да кажам било што поконкретно.

Рингераја: Каде читателите може да ги купат вашите дела? Се среќаваат ли на полиците на градските библиотеки примероци од истите?

Соња: Моите романи засега исклучиво можат да се набават од кај мене. Пред пандемијата романите ги имаше и во книжарницата ИЛИ-ИЛИ, се надевам наскоро соработката ќе ни продолжи. За жал романите не се наоѓаат ни во некоја библиотека.

Рингераја: Каква литература читате? Кој ви е омилен жанр? Кој автор ве инспирира?

Соња: Најмногу читам драми, крими и психолошки трилери. Но освен хорор, читам и од сите други жанрови, само да е книгата добра, да го задржи моето внимание, да научам нешто ново, да отпатувам на некоја нова дестинација со истата. Од авторите не би можела да издвојам некој посебно, ги има многу што ги сакам, што ги следам и се трудам редовно да ги читам нивните дела.


Рингераја: Активно членувате во читателски групи на социјалните мрежи. Каква е сликата која ја имате за македонците како читатели?

Соња: Кај нас има голем број на постојани читатели, вљубеници на убавиот пишан збор. Но мислам дека и книжевните групи придонесоа за зголемување на бројот на читатели и за квалитетот на тоа што се чита. Можеби ако имаше попристапни цени на книгите во книжарниците, библиотеките да беа поснабдени, тој број ќе беше и поголем. Инаку искрено ме радува што голем број од читателите се од помладата популација, посебно ми се допаѓаат активностите со размена на книги, меѓусебните дарувања, што преку книгите се создаваат многу нови книжевни пријателства. И јас стекнав многу нови пријатели токму преку книжевните групи.

Рингераја: Читате ли македонски автори? Кои меѓу нив би ги издвоиле?

Соња: Секако дека читам дела од нашите автори, тие ми се на прво место, се трудам од секој од нив да прочитам барем по некое дело. Од постарите писатели би го издвоила Петре М. Андреевски. А од поновата генерација не би сакала да издвојам некој посебно, но ќе кажам дека имаме многу добри автори, дека се подеднакво добри во однос на многубројните странски писатели што се преведени кај нас и треба да ги цениме и читаме што повеќе. Притоа неопходна е поголема поддршка и давање подеднаква можност на сите од издавачките куќи, општините и државата за издавање на делата, но и за промоција во странство, затоа што голем број од делата го заслужуваат тоа, треба да се наша гордост.

Рингераја: Се гледате ли себе како автор на книги за деца или ќе се задржите на романите за возрасни?

Соња: Интересно прашање, засега не се гледам како автор на книги за деца, имам уште многу приказни за возрасните кои чекаат да бидат напишани. Но сепак никогаш не се знае кога и што ќе ви предизвика искра и инспирација, можеби некогаш сепак ќе напишам нешто барем за внука ми, ха, ха... Цела година на внуката ? читам и ? раскажувам приказни прилагодени за нејзината возраст (има скоро две и пол години). Притоа во книгичките искрено не ми се допаѓаат раскажувањата без описи, емоции, поуки, но и преовладувањето на одредено насилие во приказните. Ценам дека децата од најмала возраст треба да се учат на гледањето на убавото, на добрините, на радоста во животот.


Рингераја: Живееме во време на пандемија, која на сите, на еден или друг начин ,ни ги измени животите . Како на вас влијае истата?

Соња: За среќа токму во целиот овој пандемиски период имам многу слатки обврски со внуката, па не ја почувствував многу изолираноста и скратениот социјален живот воопшто. Сепак ми фали тој опуштен социјален живот, дружбите со пријателите и блиските роднини, ми фалат прошетките и патувањата. Но се трудам да бидам позитивна, со најблиските пријатели некако си ја одржуваме дружбата, а си наоѓам убавини и во домот со моите најмили, книгите ми се постојан придружник, моите цвеќињата, правам кратки прошетки во природа, а секојдневно, макар и на кратко не пропуштам и да напишам по нешто.

Рингераја: Што би им порачале на читателите на Рингераја?


Соња: Во овие чудни времиња на сите читатели на РИНГЕРАЈА пред сé им посакувам да останат во добро здравје, да имаат мир и спокој во душата и секогаш позитивни мисли. Никогаш да не се откажуваат од своите соништа, затоа што ако навистина нешто многу посакуваат и за негова реализација вложат соодветен труд и својата душа, тие се остваруваат.

Воедно сите читатели сакам да ги поздравам со неколку убави мисли:

- Пријатели барем еднаш во денот споделете со некој добра мисла. Така ќе си го разубавите денот, а сигурно ќе ? го разубавите денот и на личноста со која ја споделивте истата.

- Нема поголема среќа за човекот освен да прави добри работи за време на својот живот.

- Животот е дар на природата, но убавиот живот е дар и избор само на вашата мудрост. Уживајте во вашиот убав живот.

Соња Смилеска

И благодариме на Соња за издвоеното време, а вам драги читатели топло ви ги препорачуваме нејзините книги.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да ги отстраните брчките со еден потег?
Како жени, поминуваме многу време во грижа за нашиот изглед. Брчките станаа универзален непријател со кој се бориме прек...
4
Совети за распукана кожа на рацете и нозете
Кога кожата станува многу сува, може да испука. Испукана кожа е честа по рацете и стапалата, особено на прстите, палците...
3
Тина Тарнер се омажи за 20 години помлад &...
Познатата рок баба му рече ДА на дваесет години помладиот Erwin Bach, со кого се познава повеќе од 30 години
3
Кодекс на облекување
Ако во Вашата компанија нема кодекс на облекување, следете ги овие упатства за да знаете како соодветно да се облечете з...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?