|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Моника Коцарева Ергиќ

Марина Кљајиќ Петковски, 17.11.2021
Нашата дизајнерка Моника Коцарева Ергиќ, периодов е активна покрај на професионален план така и во тазе улогата на мајка.Нејзината ќеркичка Уна има шест месеци а Моника ужива во деновите исполнети со неа

image
/11


Рингераја: Пред с?, ти благодарам на издвоеното време. За почеток би те прашала како ти би се опишала? Која е Моника?

Моника: Моника би рекла дека е девојка која секогаш има свои цели во животот и се стреми да ги оствари. Мојата пасија е професијата која ја имам. Посветена сум и одговорна. Мајка сум на едно преслатко мало суштество и сопруга на најпрекрасниот човек кој го познавам. Живеам во Охрид, а работам и во Охрид и во Скопје. Постојано патувам и сметам дека се што се сака со труд може да се постигне. Многу сум своеглава, што сметам дека треба да го искоренам, бидејќи подоцна се носам со последиците. Исто како негативност сметам дека ми е тоа што сум многу наивна и премногу им верувам на луѓето.

Рингераја: Мајка си на слатката Уна. Најчесто прашање за мајките е како мајчинството ги променило. Па која е разликата помеѓу Моника и мама Моника?

Моника: Разликата помеѓу Моника и мама Моника е тоа што прво бев активна по 12/7 (со ателјето) а сега сум 24/7(со ателјето и детето). Моите особини си останаа не променети, грижливост, внимателност, посветеност, приврзаност. Само што сега сум мултитаскинг родител, работам во ателјето во Охрид, патувам често за Скопје исто поради работата, одржувам многу чист и уреден дом, се грижам за Уна и гледам секаде да е таа со мене или близу до мене. Имам и прекрасни луѓе околу мене кои ми помагаат. Перфекционист сум во се што правам, така што тоа може и да е тешко за тие околу мене.

 

1

 

Рингераја: Со оглед на типот на теми кои ги обработува сајтот Рингераја, би те замолила да ни кажеш нешто околу твојот процес на станување мајка...бременоста, промените кои ги доживеа, очекувања и случувања на породување, опоравување, доење, дохрана... Имаше ли некои потешкотии во бременоста или при породувањето?

Моника: Со самата бременост се носев како од шала. Се поправив 9.5кг а после 3 месеци ја вратив повторно килажата на 52кг. Секој ден пешачев по 5км во бременоста. Дури и на самиот ден кога се породив пешачев кога ме фатија породилните болки. Јадев многу здраво и вежбав скоро секој ден со пилатес топка.

Кога ќе се спомне пораѓај, би сакала да ја избегнам таа тема со цел да не истрауматизирам идни мајќи. Не би го споделила тоа лошо искуство бидејќи не сакам ни да се присеќам. Се породив природно во приватна болница во Скопје.

Опоравувањето од пораѓајот ми траеше многу долго. Уна е најубавото нешто што ми се случило во животот па би се задржала повеќе на тоа да кажам нешто повеќе за неа. Уна од самиот старт беше на комбинирана храна. Доење плус адаптирано млеко. Сега веќе е на храна. Се роди 2.460г со многу висок апгар и 47цм должина.

Многу е мирна и мила и многу приврзана за мене. Препаметно бебе. Многу внимание и посветуваме со зборување. Веќе разбира се, дали и зборуваме за Макс нашето куче (веднаш се врти позади куќа каде што е тој) или за нејзините играчки кои имаат име или кога ќе и спомнат мама одма гледа во мене и сл. Многу е љубопитна и сака цело време да ја држиме во раце и се да гледа и прати. 

 

2

 

Рингераја: Иако си тазе мама и Уна с? уште е премалечка, сепак, какво бебе е? Има ли некои посебни барања - од типот да заспива во раце или да спие до тебе ..?

Моника: Уна има 6 и пол месеци и веќе си оформува карактер. Како што кажав многу е приврзана со мене и сака да заспива на мене и да ме чувствува. По миризбата нај веројатно се приврзува и и делува смирувачки па најлесно заспива кај мене. Тоа во скоро време треба да го смениме, сакам да ја научам да заспива сама.

Сака да е се по нејзино, многу сака деца, голем гурман е и го обожава татко и. Тоа e “bonding” помеѓу нив двајца што е невозможно да го опишам. 

Рингераја: Кој е најдобриот совет за мајчинство кој си го добила?

Моника: Од мајка ми: Немој да дозволуваш дете да ти се нервира. (за јадење, спиење или мокра пелена) Треба да го пратиш и да му воспоставиш ред према неговите потреби без разлика каде се наоѓаш. Уна на пример јаде на секои 3h , и спие 4 пати на ден, па имаме веќе некој ред иако е мала. 

Рингераја: Што во моментов ти се случува на професионален план? Дали актуелната пандемија влијае врз работата на ателјето? Кои се идните планови за истото?

Моника: Секако дека влијае пандемијата на ателјето, но и покрај се ние опстојуваме и добро се справуваме со неа. Моментално спремам нова колекција од 20-тина фустани, која ќе биде објавена од јануари. Моите идни планови се насочени кон ширење надвор од државата. 

Рингераја: Имаш ли некоја омилена креација, некоја која поради нешто ти е посебно драга и се издвојува? Што во работата ти претставува најголем предизвик?

Моника: Ова го имам спомнато во доста интервјуа дека тоа е како на мајка да ја прашате кое е нејзиното омилено дете. Сите креации ми се подеднакво важни и работени со еднаков труд. Секогаш го давам максимумот од себе.

А најголем предизвик сум самата на себе. Секогаш сакам да си докажам дека можам и умеам.
3

Рингераја: На Инстаграм објавуваш фотографии на кои со Уна носите модни комбинации кои си одговараат. Преслатки сте. Сигурно се твое дизајнерско дело?

Моника: Да. Тие ги правев уште кога Уна беше во меше. Matching mother and daughter. Обожавам да се носиме во исти комбинации или во иста боја. 

Рингераја: Според тебе, колку луѓето умеат да го препознаат и ценат трудот од рачната изработка на дизајнерска облека?

Моника: Изненадена сум од тоа дека доста многу жени умеат да го ценат.

Благодарение на нив ние опстојуваме. И тоа многу ме радува. Тргнувам и од себе си, јас секогаш поддржувам македонски брендови, купувам од нив и го ценам нивниот труд. Па веројатно тоа и ми се враќа.  

Рингераја: Имаш успешна кариера, посветена сопруга си и мајка, активна на многу полиња. Како изгледа еден твој ден? Ти останува ли слободно време за себе?

Моника: Хаотично. Работам 3,4 или 5 дена неделно, зависи колку сум неопходна на работа. Живеам на 50м од ателјето во Охрид па ми е лесно за да сум во близина на Уна.

Станувам околу 5:00h. Почнувам со рутината на Уна.

Пресоблекување, јадење vo 6:00h, играње и заспивање повторно. 7:00 на работа. 9:00 дома. Повторно со Уна пресоблекување, јадење, играње 1h.

10:00 на работа.

12:00 дома повторно истото со Уна.

Потоа Уна ја земам на носилка и се враќам на работа со неа, бидејќи правам надзор на производство.

Ја шетам, се враќаме дома со истата рутина, ја заспивам, готвам ручек за неа.

Гледаме цртани, играме со кучето и слично.

19:00 заспива, јас ги извршувам домашните обврски и ја смислувам колекцијата, дизајнирам, одговарам на пораки на социјални мрежи и слично.

Ноќите знаат и да ни се многу бурни бидејќи и растат запчиња.

Вака изгледа еден наш ден со исклучок на деновите кои не работам или викендите. Тогаш одиме во Скопје, или шетаме низ Охрид. 

Рингераја: Си патувала на многу разни дестинации низ светот. Која локација што си ја посетила, би ја издвоила како најубава?

Моника: Тајланд. Таму се спојуваат будизмот и брзиот живот. Егзотичните плажи на југот и џунглите на северот, луд ноќен живот и романтични зајдисонца.

Наредна година планираме да одиме на Малдиви со Уна. 

Рингераја: За крај, што би им порачала на читателите на Рингераја?

Моника: Мајки, на никој не ни е лесно, иако изгледа така од страна. Вие сте супер херојот во очите на вашето малечко, останете храбри и позитивни. И давајте им многу љубов, тоа им е најпотребно.

 

Благодараме на издвоеното време на Моника и и посакуваме уште многу успеси во иднина.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто е бразилската депилација опасна?
За илјадници жени ширум светот, депилацијата во подрачјето на препоните, па и подлабоко, е дел од редовната нега на тело...
3
Прекрасните придобивки од јогуртот за убав...
Јогуртот не е само вкусен и здрав производ од кујната. Со јогуртот можеме да се грижиме за косата и кожата. Погледнете к...
3
5 модели наочари кои секоја жена треба да ...
Со оглед на тоа што очилата за сонце имаат стилска моќ во целост да ви ја променат и најобичната дневна модна комбинациј...
3
Заборавете на грижите пред да си легнете
Еден час пред да отидете во кревет посвете се на опуштење и на размислување на среќни моменти од својот живот.Размислува...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?