Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Телото треба да се негува, не само однадвор, туку и одвнатре. Тоа секако се однесува и на кожата. Ниту сета сила на чудотворните препарати нема да биде од голема помош ако кожата квалитетно не се храни одвнатре.
Немасните млечни производи, богати со витамин А, прават чуда за нашата кожа. Јогуртот е најдобро решение бидејќи е добар за варењето, а особено се препорачува на оние кои имаат проблем со штитната жлезда и за оние кои боледуваат од дијабетес.

Боровинките, брусницата, јагодите и другите видови зрнесто овошје се преполни со антиоксиданси кои се заслужни за убава и здрава кожа. Во менито секако вклучете и шипки кои изобилуваат со витамин Ц.

На кожата и се потребни есенцијални масни киселини кои најмногу ги има во рибата. Ако не сте љубител на риба, потребите за здрави маснотии ќе ги надополните доколку консумирате јаткасти плодови, како што се бадеми, бразилско оревче или ленено семе, односно сончоглед.

Зелениот чај има многу предности, а особено е погоден за здравјето на кожата бидејќи содржи полифеноли кои имаат против-воспалителни својства. Освен тоа, помага и во борбата против некои видови тумор. Исто така содржи и витамин Ц, Д и К, но и рибофлавин, цинк, калциум, магнезиум и железо.

Најдобар пријател на кожата е редовна хидратација, а најдобар избор е обичната вода. Затоа ако сакате на својата кожа да и подарите здрав сјај, дневно испијте барем осум чаши вода.

Мангото е богато со витамин А, кој ги обновува клетките на кожата. Добра вест е што плодот има само 70 калории, па е идеален избор за сите оние кои сакаат да изгубат некој килограм.

Витаминот Е, со кој изобилуваат бадемите, помага и во хидратација на кожата одвнатре. Исто така, штити од оштетување и од појава на знаци на предвремено стареење поради што и се содржи во кремите против брчки.

Иако ова тропско овошје не е популарно, а ни лесно достапно во нашите краишта, има многу здраствени благодети. Авокадото е богато со витамините од Б-комплексот, со есенцијални масла и има против-воспалителни својства. Исто така, помага и при иритација на кожата, ги намалува црвенилото и јадежот.

Освен што изобилува со калциум, во сирењето има и селен и минерали во траги. Селенот ги штити клетките на кожата од оштетување што го предизвикуваат слободните радикали и помага при сувата кожа. Го има во месото, морските плодови, јајцата, печурките и интегралните житни зрна.

Познато е дека е одличен извор на бета-каротен, кој во телото е нужен за метаболизмот на витамин А. Морковите, исто така, се добар извор на витамин Ц кој е моќен антиоксидант и важен сојузник во борбата со слободните радикали, кои се појавуваат по претераното изложување на сонце. Исто така, помагаат и во формирање на колагенот во кожата, кој помага кожата да изгледа помлада и затегната.

3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Се расправате често? Не е крај туку почеток на промена
Кога расправиите стануваат чести, лесно е да помислите дека нешто е „с...
Љубовта што не се изговара, туку се чувствува
Понекогаш најдлабоката љубов не живее во зборовите, туку во малите гес...
Најчести инфекции кај деца. Кога е време за педијатар?
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од...
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...
Сексуалниот живот е дел од интимноста и блискоста во врската. ...