Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
 
                    			   
                    			
Тоа е период во пресрет на пролетта, кога започнува да се буди природата. Во пресрет сме на овој светол празник и подготовките за празнувањето во секое христијанско семејство се во тек. Нашите семејства, со векови наназад непрекинато ја следат традицијата и ги практикуваат обичаите на верските празници во своите домови.
Јас сум просветен работник, исто така со радост го празнувам овој голем празник ВЕЛИГДЕН. Секогаш во пресрет на големите верски празници , постоела и сеуште постои една дилема, поточно прашање , кое си го поставувам во текот на мојот работен век, како учител на многу генерации, а на кое никогаш не успеав да добијам одговор, а тоа е „како да ја раскажам приказната“.
Поведена од ова чувство, токму во пресрет на најголемиот празник, решив да го напишам овој текст со надеж дека многумина засегнати ќе ги поттикне на размислување, па можеби и ќе го добијам одговорот на моето прашање.
Во минатиот век, во периодот на социјалистичкото општествено уредување, религијата беше строго одвоена од државата. Семејството со радост и со многу почит кон традицијата и покрај тоа си ги празнуваше сите верски празници особено оние најголемите. За разлика од семејството во градинките и училиштата воопшто немаше место во воспитно –образовната програма (ВОП) за нивно празнување.
Поминаа години и дојде транзицијата (промената на општественото уредување), а со неа се сменија и многу гледишта, посебно оние во однос на религијата и празнувањето на верските празници. Меѓу државните празници се сместија и најголемите верски празници и се прогласија за државни, неработни, празници. За правилно воспитување на децата секако многу ќе придонесе и правилното интерпретирање на значењето и важноста на верските празници.
Тоа е прекрасна придобивка на која многумина се израдуваа. Во воспитно-образовна програма за градинките и училиштата, задолжително заедно со децата, се одбележуваат државните празници со пригодни свечености, приредби, работилници и многу други настани, а токму тука е и дилемата: „како да ја раскажам приказната“ за овој убав празник, Велигден.
Празник кој одеднаш стана државен, а учителите неподготвени ги затече. Зошто,како, ќе се запрашате? Многу едноставно. Во воспитно-образовна програма за градинките и училиштата, нема соответно дополнување во делот за празнување на празници, како да се одбележи празникот Велигден кој се наближува, а е причина за овој текст.
Дали треба да се остави, секој учител, индивидуално, според своето убедување да им ја раскаже на децата, приказната за Бога за Воскреснувањето...Како да постапи учителот за да не ги доведе во заблуда своите ученици. Затоа што кога се работи за воспитанието и образованието не смее да се импровизира.
Точно знаеме зошто го празнуваме на пр. Државниот празник Ден на независноста и секој учител независно од неговите лични ставови и убедувања, со своите ученици ќе го одбележи и ќе им зборува само она што е предвидено во воспитно-образовна програма. За верските празници кои воедно се и државни би можело да се случи ( а можеби некаде и се случува) секој учител да им ја раскаже приказната за празникот Велигден, на децата поаѓајќи од од својот личен став или убедување, па се прашувам дали е ова она вистинското, може ли, смее ли тоа да се дозволи. Децата односно учениците, ги знаат обичаите онака како што им е пренесено од нивните најблиски. Но во образованието не смее да се дозволи одбележувањето на верските празници да биде стихијно да не речам да се претрча без да се назначи и одбележи на начин кака што е предвидено за секој државен празник.На овој начин понекогаш несвесно, а понекогаш и свесно можеме да ги доведеме учениците во заблуда, а на кои што треба точно и без двоумење да им се каже, зошто и како треба да го одбележиме Христијанскиот државен празник Велигден или Божик.
Автор Мирјана Велева
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...



