Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Сакате Вашето дете да научи неколку зборови на англиски јазик истовремено играјќи игра на компјутер, да ја искористи својата детска фантазија и ликовни вештини и да добие прекрасни подароци?
Во пресрет на Олимписките игри, Британски Совет и Рингераја, подготвија интересна игра на подароци, каде дечињата играјќи, ги учат имињата на олимписките спортови, а потоа ја користат својата детска креативност и го цртаат својот омилен спорт. Вклучете се!!!
КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?
ЧЕКОР 1: Посетете ја страницата на LearnEnglish Kids, регистрирајте се ТУКА и погледнете го следниот линк: Olympic sports. Следете ги инструкциите, објаснете му на Вашето дете како да игра и заедно освојте медал, со тоа што ќе му помогнете да ги научи зборовите. Постои опција да играат двајца играчи, што е и поинтересно. Поминете интересни мигови заедно и запомнете каков медал освоивте.
ЧЕКОР 2: По завршувањето на играта, извадете ги боиците и на Вашето дете објаснете му дека заедно ќе го цртате неговиот омилен спорт, за да се забавувате и да добиете убави награди. Не заборавајте на цртежот да ни напишете каков медал освоивте на играта.
ЧЕКОР 3: Сликнете го или скенирајте го вашиот цртеж и испратете ни го на info@ringeraja.mk, или поставете ги на ѕидот на нашата Faceboоk страна http://www.facebook.com/Ringeraja.mk до 20.05.2012 почнувајќи од денес! Заедно со сликата испратете и Име и Презиме на Вашето дете и датум на раѓање.
ЧЕКОР 4: Поканете ги Вашите пријатели да гласаат за цртежот кој го нацрта Вашето дете.
КАКО ЌЕ ЗНАЕТЕ ДЕКА СТЕ ДОБИТНИК НА НАГРАДА?
Гласањето ќе се одвива на нашата Facebook страна од 21.05-25.05(13 часот) во посебно креиран албум Learn English Kids-Олимписки спорт. Она дело со најмногу like-ови ќе биде добитник на наградите.
Победникот ќе биде објавен на нашата Facebook страна како и на Рингераја.мк.
КАКВИ НАГРАДИ ЌЕ ДОБИЕТЕ!!!
Топка и дрес ако победникот е момче и блузичка со здолниште ако е девојче. Играјте и освојте!
![]() | ![]() |
4
забава Бремените
Автор: bobik
Здравите животни навики се важни уште од самиот почеток на бременоста....
Позитивниот тест за бременост е момент што многу жени никогаш не го за...
Што да не слушате кога сите прашуваат: „Кога бебе?“
Постојат прашања кои на прв поглед звучат безопасно, но можат да остав...
Како природно да ги зголемите шансите за бременост?
За многу парови, патот до посакуваната бременост е исполнет со надеж, ...
Најчести повреди кај мали деца и како да ги спречите
Малите деца се љубопитни, активни и постојано го истражуваат светот ок...