Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Чизмите не се обувки за сите – во буквална смисла на зборот. Високите чизми не се соодветен избор за ниски жени.

Друга особеноат е што е потребна храброст и добар моден вкус за да носите чизми. Не постои начин да поминете незабележано, така што бидете подготвени за поголемо внимание. Освен тоа чизмите се провокативен моден избор, создаваат секси изглед и ако ги комбинирате со несоодветна облека, може да изгледате многу предизвикувачки.
Заради тоа треба да ги знаете правилата за носење чизми.
Кога носите чизми запомнете дека не треба да носите многу тесна облека, бидејќи така се создава погрешен впечаток. Потребно е облеката нагоре да биде малку раскроена, а не наполно прилепена, за да има баланс меѓу горниот и долниот дел на телото.
Ова се нашите предлози за комбинирање на чизми со облека оваа есен/зима:
Со туника и шешир
Изберете туника и шешир во иста боја и комбинирајте со рамни или чизми на штикла, зависно од пригодата. Тоа е одлична комбинација за неделна рекреација низ градот, за на работа или вечерно излегување во град. Не заборавајте ги додатоците – плетена шапка или голем шал.

Со фармерки
Комбинацијата меѓу фармерки и чизми е класика. Се разбира, соодветни фармерки за високите чизми се тесните фармерки. За нагоре може да изберете блуза со поширок крој, или кошула. Дали ќе носите рамни или чизми со висока потпетица е право на ваш избор.

Со здолниште и хулахопки
Нема да погрешите ако комбинирате чизми со здолниште и ефектни хулахопки. Прашањето е какво да биде здолништето. Дефинитивно должината над колена е најдобар избор, но исто така е важно здолништето да не е премногу кратко, за да не се создаде погрешен впечаток. Може да е како од тексас, така и од ткаенина. Раскроените модели се исто така добра опција.
Со фустан
Ако сте решиле да комбинирате чизми со фустан, тогаш советот на дизајнерите е фустанот да биде раскроен модел, тип А силуета, за да одржите рамнотежа помеѓу долниот и горниот дел на телото. Се разбира, тесниот фустан, прилепен за телото, исто така не е за отфрлање, ако сакате да се чувствувате секси и попредизвикувачки од вообичаено.

Со кратки шорцеви
Комбинацијата меѓу чизми и кратки шорцеви е малку опасна. Неправилниот модел на панталони може да направи да не изгледате добро во очите на другите. Ние ве охрабруваме да побарате модел кој не е од тексас и по можност ногавиците да не се прилепени цврсто за нозете. Исто така е добро ако шорцевите се со висок струк.
3
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Што ја одредува успешноста на ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (ИВФ) е напредна медицинска процедура што на мно...
Опоравување по царски рез - чекор по чекор
Царскиот рез е хируршка интервенција, но и почеток на ново животно пог...
Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менс...
Кога децата почнуваат да одат? Што е нормално?
Првите чекори на детето се еден од најочекуваните моменти за секој род...
Габични инфекции во бременост. Што е безбедно?
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормо...