Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Пишувањето и е пасија од мали нозе, а благодарение на поддршката и соработката со издавачката куќа „Арс Ламина“, нејзиниот сон станува реалност.
Рингераја: Најпрво, ти благодариме за прифаќањето на поканата. За почеток, кажи ни нешто накратко за тебе. Која е Марија?
Марија: Јас по професија сум дипломиран филолог, писател за деца и личност која многу сака уметност и патувања.
Рингераја: Кога и како ја откри љубовта кон пишувањето?
Марија: Најдлабоките корени и љубовта кон пишувањето всушност ја поврзувам со љубовта кон слушањето приказни. Уште од моето најрано детство, имав среќа да растам покрај баба и дедо кои беа највештите раскажувачи и прераскажувачи. Па така, брат ми и јас, секогаш имавме длабоко развиена фантазија и имагинација. Веќе во училиште пак, се втурнав и почнав многу да читам и исчитувам, тука започнаа и моите први обиди за пишување. Моите наставнички и професорки по македонски јазик и литература веднаш го забележаа тој мој порив, и го надополнија со многу верување и поддршка кон моето пишување. Но сепак, оние, вистински и сериозни пишувања се појавија во студентските денови...
Рингераја: Имаш ли учествувано на литературни конкурси, литературни читања и манифестации? И, дали имаш други објавени дела освен двете книги?
Марија: На литературни конкурси имам учествувано само кога бев ученичка а тогаш неизбежно беше и моето учество на сите училишни приредби. Сега пак, бидејќи издавачката куќа Арс Ламина ме поддржа во целост едноставно сум препуштена само на таа соработка.
Книгичките за деца: „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ и „Волшебните прегратки“, во моментов, се единствените мои објавени дела.
Рингераја: Од каде црпиш инспирација за пишување? Зошто се одлучи за книги за деца?
Марија: Инспирација црпам буквално од секаде. Од секоја новопрочитана приказна, од некои интересни случки, патувања, но и од самите деца. Инаку, се одлучив да пишувам за деца бидејќи детскиот свет е најшарениот, најмагичниот и најубавиот свет кој може да постои. А јас, дур, пишувам се претопувам во истиот. Но, од друга страна децата се најстрогите и најреалните читатели. Или им се допаѓате како автор и продолжувате, или веднаш сте елиминирани. Трето нема.
Рингераја: Дали планираш да објавиш нешто поразлично од тоа што досега го пишуваш?
Марија: Верувам. Литературата е една широка уметност, а јас сум прилично слободоумна и сакам нови предизвици, така што, сигурна сум дека во вистинско време ќе објавам и нешто поинакво од досегашното.
Рингераја: Каков беше процесот од идеја до реализација за книгите и како се случи соработката со издавачот?
Марија: Книжарниците Литература.мк ми се најомилените места во градот. Има во нив една посебна, магична енергија. Јас, секогаш сакав да ги посетувам, да пијам кафенце таму, да се губам низ книгите а згора на тоа никој да не ме вознемирува и форсира. Така што, моите приказни ги понудив на издавачката куќа Арс Ламин и веднаш беа прифатени. Неизмерна помош и поддршка добив од главната уредничка Бранка Бугариска и од писателка Јана Мишо, на кои сум им бескрајно благодарна.
Рингераја: Кај книгите за деца посебно важни се илустрациите. Како дојде до соработка со Александра Филипоска и Иванка Ниба?
Марија: Илустрациите во книгите за деца се неизбежни и премногу важни. Текстот за деца, без илустрации е како голи и суви гранки, на празно поле.
„Вистинска приказна за двете соседни кралства“ ја илустрираше извонредната Александра Филипоска-Фиц, а илустрациите во „Волшебните прегратки“ се совршено создадени од Иванка Ниба. Околу изборот на илустраторите одлучуваме тимски, заедно со моите уреднички.
Рингераја: Твојата прва книгичка “Вистинска приказна за двете соседни кралства“, уште веднаш, по самото објавување доби лавина пофалби од многу родители, но се најде и како ново дело за обработка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, по предметот Книжевност за деца. Кажи ни нешто повеќе околу тоа?
Марија: Двете мои книгички иако се наменети за деца, имаат скриени пораки кои се наменети за нивните родители. А спаѓаат и во едно преубаво четиво за возрасни.
На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје по предметот Книжевност за деца, кој несомнено е еден од омилените предмети кај студентите, „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ беше додадена како ново (освежување) дело од македонски автор за обработка на часовите. А вооедно и со самото тоа, како понудено дело за анализа и обработка за испитната тема и истражување. Проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска која е редовен професор на Катедрата за македонски и јужнословенски книжевности и толку совршено и фасцинантно го води истиот предмет покрај стандардната програма со класичните дела за анализа и обработка секогаш се обидува да додаде и предложи нешто ново и помодерно, така што, студентите ќе имаат избор во сопствените анализи. Така местото го најде и мојата „Вистинска приказна за двете соседни кралства“...
Рингераја: Какво мислење имаш за Македонците како читатели? Како автор и како читател, каква е твојата слика за македонските автори ?
Марија: Јас сум тип на човек, кој секогаш мисли, дека може и многу повеќе и многу подобро, по основ на двете прашања. Но со оглед на тоа, со што с?, сме преокупирани како народ, и колку се вложува во литературата, културата и уметноста сепак читателите се за поддршка.
Додека пак, македонските автори се толку квалитетни и добри што можат рамо до рамо да застанат и на светската книжевна сцена.
Рингераја: Каква литература читаш ? Кој е твој омилен жанр? Кој автор те инспирира?
Марија:Во моментов ги читам младите, (новите), македонски автори и се фантастични. Кога станува збор за жанрот, секогаш оди во чекор и е поврзан со некои периоди од мојот живот и моите моментални чувства и мисли. Имаше период, каде што читав само книги со имаголошки тематики, период на тешки психологии, фантастични раскази, или пак класици. Едни од поомилените за инспирација ми се: Кафка, Гогољ, Ками, Вулф...
Рингераја: Ни подготвуваш ли нешто ново?
Марија: Секогаш нешто пишувам и подготвувам, но да им оставиме малку простор да дишат на досегашните приказни...
Рингераја: За крај кажи ни нешто за едрењето? Знаеме дека ти е голема пасија.
Марија: Едрам веќе единаесет години. Отворените хоризонти и мориња ми ја даваат смислата на длабокото јас.
И благодариме на Марија за издвоеното време и и посакуваме многу успеси и во иднина. Доколку се уште не сте ја збогатиле библиотеката на вашите деца со делата на Марија, не чекајте повеќе.
забава Бремените
Автор: bobik
Педикирот не е само естетска навика, туку и важен дел од хигиената и з...
Биди најдобриот пријател на себеси
Колку често им кажуваме убави зборови на другите, а колку ретко си ги ...
Најефективни вежби за топење на мастите на стомакот
Стомакот е дел од телото од кој најчесто не сме задоволни и ја буди на...
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заво...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?