namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Нејзините изработки може да ги погледнете на нејзините профили на социјалните мрежи.
Рингераја: Од кога се занимавате со плетени рачни изработки?
Ирена: Откако паметам за себе, уште од детството секогаш се занимавав со некој вид на уметност, си ја изразував креативноста преку цртање, сликање, моделирање. Подоцна откако се реализирав во улогата на мајка, ми се сменија приоритетите, навиките и рутината па немав услови со мало дете да продолжам да сликам. Барав нешто ново што би можела да го работам во било кое време и место. Почнав да изработувам накит и тогаш си отворив профил на pinterest. Таму за првпат се сретнав со плетените кукли, се вљубив во нив и целосно заборавив на накитот. Долго време им се воодушевував се’ додека еден ден не решив дека мора да научам да плетам. Мојата свекрва ми даде конци и игла со кукачка- чингелајче и со помош на туторијали на интернет ги научив основите на плетење..
Рингераја: Вашите изработки се впечатливи и уникатни - станува збор за плетени куклички кои се идентична копија на ликот според кој се изработени.
Како се роди оваа идеја? Која беше првата кукличка која ја изработивте ?
Ирена: Ми требаше долго време, повеќе од една година, додека се почувствував сигурна дека ќе можам да изработам нешто во амигуруми техника. Претходно плетев се и сешто- капи, шалчиња, фустанчиња.. со тоа ја извежбав раката, научив некои основни и многу важни работи што потоа ми користеа во плетењето кукли. За ваквиот вид изработки покрај вешти раце треба да се има многу креативност, чувство за пропорции, за естетика, бои но и многу имагинациjа и импровизација. Првите изработки беа за моите деца, за подароци, родендени и потоа некако спонтано почнав да изработувам и за сите оние што се воодушевуваат на рачни работи и сакаат да имаат персонализирана и уникатна кукла.
Рингераја: Секојдневно ширите радост. На какви сe реакции од клиентите сведочите? Како вие се чувствувате кога им врачувате производ?
Ирена: Убавината на овие куклички е што може да бидат целосно изработени по желба на некое детенце, во омилените бои, со додатоци, палтенца, капчиња, фустанчиња, миленичиња.. Дел од нив се и плетени по слика и со намера да зачуваат некој посебен спомен или момент од детството. Таквите куклички се twin dolls и при нивната изработка посебно се трудам да наликуваат колку што може повеќе на сликата што ми е пратена, па во тој случај доколку е потребно користам и додатоци како тул, чипка, бисери, филц или пак текстилни бои за да обојам некое парче облека.. Реакциите што ги добивам од дечињата а и од мајките и бабите што порачуваат секогаш се микс од воодушевување, неверување, радост.. неколку пати досега имам добиено и видеа со првите реакции и секогаш многу емотивно ги доживувам и јас а и сите останати дома.
Рингераја: Какви материјали користите?
Ирена: Куклите ги плетам исклучиво со памучни конци, посебно основата односно телото, додека за изработка на облеката понекогаш користам и волнени и акрилни конци, доколку нема памучен од конкретната боја што ми треба. За изработка на било каква играчка во оваа амигуруми техника многу е важно плетивото да е стегнато и цврсто, без дупки, за да не излегува силиконскиот полнеж со кој ги полнам куклите. Плетењето на гардеробата за куклата ми е најинтересниот дел, сите делови ги плетам по мерка на куклата и секогаш се трудам со помош на копчиња да им олеснам на малите детски рачиња да можат полесно да ги преслекуваат своите нови другарки.
Рингераја: Имате ли некоја кукличка која ви е посебна?
Ирена: Процесот на изработка на кукла е спор, обично ми требаат околу 5 дена за изработка на една кукла, самото плетење оди бавно и заморува па не можам да плетам повеќе од 5-6 часа во денот. Но целиот процес на создавање на кукла е волшебен, прекрасно е чувството кога гледате како од купче конци пред вашите очи се создава убавина која ќе донесе некому радост. Поради тоа не можам да издвојам некоја изработка како најдрага, сите ги работам со исто внимание и ентузијазам но со текот на времето и на самите изработки се забележува напредок па поновите изработки се поубави од тие пред 2-3 години.. тоа е сосем нормално и очекувано, јас со секоја изработка учам нешто ново и се подобрувам а во тоа е и убавината на амигуруми, секогаш има простор за усовршување.
Рингераја: Дали покрај куклички изработувате и други производи?
Ирена: Куклите остануваат како моја најголема љубов и после сите години, понекогаш знам и да скршнам од патот и да изработам за мене или моите деца некој плетен додаток, но куклите се секогаш приоритет. Постои некој стереотип за плетењето дека само постарите односно бабите плетат, но во мојот случај се покажа како одличен начин да ја покажам и материјализирам целата креативност што ја носам во мене. Поради тоа и поради фактот дека има многу смирувачко, терапевстко дејство го препорачувам секогаш и секаде.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...