vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Нашата топка
Седнете на подот, еден наспроти друг со раширени нозе и истркалајте ја топката кон детето. При тоа кажувајте дека сега топката му ја давате него и притоа покажувајте со прст кон топката. После натерајте го да ви ја врати. Можно е на почетокот детето многу тешко да ја разбира и прифаќа играта, но имајте повеќе трпение. Во оваа игра може да ги вклучите таткото, сестричката или братчето.
Огледалце, огледалце
Дајте му на детето мало огледалце, за кое сте сигурни дека не може лесно да се скрши. Бебето ќе го држи во раце и со голем интерес ќе го набљудува својот одраз во него. Движете го огледалото лево и десно, за да може детето да го следи со поглед.
Најди ја играчката
Седнете еден наспроти друг со детето, покријте ја неговата играчка со крпа и помолете го да ја најде играчката. Детето ќе се обидува да ја тргне крпата од играчката. Потоа повторно ставете ја крпата на играчката и покажете му дека се радувате што успеало.
Што ѕвони тука?
Ставете го детето да седи на подот, а Вие седнете зад него со некоја играчка која што создава звуци. Почнете да произведувате звук прво над главата на детето и постепено однесете ја до подот. Ќе видите како детето ќе го следи звукот и ќе се обидува да ја фати играчката.
забава Бремените
Автор: bobik
Седењето, лазењето, фаќањето играчка, одењето и трчањето се само дел о...
Како лекарите ги пресметуваат неделите на бременост?
Неделите на бременост не се бројат од денот на оплодувањето. ...
Кога започнуваат симптомите на ПМС?
Промените во расположението, надуеноста, чувствителните гради и зголем...
Зошто бебињата се напрегаат и испуштаат звуци?
Грчењето, стенкањето и напрегањето кај бебињата често ги загрижуваат р...
Од играчки до чорапчиња, зошто бебето става сe во уста?
Од играчки и прсти до ќошиња од ќебенца за бебето устата е еден од нај...