|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Господ кога `и создаваше луѓето

Народни преданија, 21.10.2010
Народни преданија

image
/11


Откога создаде Господ небото и Земјата, со се што има на нив и во нив, што гледаме и не гледаме, живо и умрено и откога виде Господ, спојал му нему, оти се што напраил, убаво напраил - му се посака да напраи и луѓе на Земјава, да живеат и да го слават него. За се што напраи Господ на веков, беше определил по еден ден да работи за едно, друг ден за друго, трет ден за трето, четврти ден за четврто и така натаму. Само еден ден определил и за луѓето да ги направи.

Станал една утрина рано, засукал поли и ракави, зел мотиката в раце, ископал земја, направил кал, та почнал да ги прави луѓето како грнчарот што прави грниња. Прво ги праел нозете, после трупот, после рацете, после глава, коса, очи уши, уста, нос и сите други алати му ги редел, како некој саатчија што ги реди деловите на саатот со голем мукает, така сполај му нему, 'и редел и алатите во чоекот со мукает голем, да не нешто се клаит накриво и да го грди чоекот после.

Праел што праел луѓе до ручек време, огладне, сполај му на Бога, та беше седнал да руча, за по ручекот да ги допраи луѓето, колку што му требале. Си ручал Господ симид и млеко надробено и му се пулел на луѓето што беше 'и напраил како што беше 'и наредил пред него на редои, на редои, како некој табор аскер што беше нареден. Му се пулел и се смеел од што му било кеф дека беше 'и напраил лични, умни и разумни.

"Оф, што убај луѓе сум ти напраил, овие луѓе прилегаат асли на мене - си рекол сам со себе. Арно, туку до ручеква колку што сум напраил, ако напраам уште толку до вечера, лоша ми је работата, мене ми требаат уште десет пати по толку луѓе. На ова згора, мене ме пери да направам еден калап и во калапо да ги турам, та така до вечера да си направам луѓе колку што ми требаат"

Брго-брго се наручал, се прекрстил, станал од софрата, се измил раце и беше ти направил еден капал голема работа! Ти припраил уште колку што му требаше кал и зел да прави кусурот луѓе колку што му требаше. Тури кал во калапо, чинеше стегни ја во калапо, и еве ти го чоек, ќе се истуреше од калапот, а врти со чаркот Господ и турај се луѓе од калапот; ами оти некој ќе ислезел со крива нога, али рака, али врат, али слеп, али ќелеш, али крастав, али пак фодул, али предател, али инаетчија, и ако ги гледал Господ оти со секакви кусури излегувале од калапот, немал време да ги поправи, чунки брзаше многу да ги доправи до вечерта колку што му беа определени луѓе.

Ама ќе речиш ти: оти не определил Господ два дни и да ги направеше сите луѓе како првине арни, а не да прави чакрои и да ги тура во калапи, та да излегуваат лоши а не арни, како првите што ги направил Господ само со рака.

Колку за тоа, можам да речам: така му сакаше ќефот, така направи, чунки царот, кога ќе речи некој збор, назад не си го земат, а не Господ да речи во еден ден да ги направи луѓето, и после два дни да ги прави. Тоа саде не бидуат: Госпо зборот назад да си го земит.

Ете од тоа има на веков арни и лоши луѓе, чунки арните Господ ги направил со рака, а лошите со чарк ги вадел од калап, како грнчарот што вади садои од чаркот.

 

 

Адаптирал: Барбара Синадиноска

На гости кај месец мај
Детски песнички
10
Дојде есен мила
Детски песнички
4
Приспивна
Детско катче
4
Од нива до трпеза
Како се прави лебот?
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Вода
Sanja

Колку вода пиете?

многу малку (50%)

до 8 чаши (50%)

над 8 чаши (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!