|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Декоративни ситници - интересен профил на Инстаграм

Марина Кљајиќ Петковски, 27.12.2021
Зад профилот Декоративни ситници стои една мајка на две прекрасни мали принцезички, едната 4 години а другата година и пол, вработена а изработката на декорации е нејзино хоби кое прераснало во мал бизнис

image
/11


 

"Ова со декорациите ми е мое омилено хоби и релаксација после напорните денови. Тој дел не го чувствувам како замор или мака, затоа што навистина ме опушта и уживам во креирањето на сите декорации" - вели таа за себе на почетокот на нашиот разговор.

Рингераја: Изработувате многу производи од различни материјали и во различни техники. Кои производи поточно ги има во вашата понуда? 

Декоративни ситници: Да навистина изработувам различни производи, најпрво започнав со декорации за свадби, се што е поврзано со свадбите, потоа продолжив со декорации за родендени на дечиња, продолжив со декорации за во домот, поклони за новороденчиња, поклони за 8ми март, како и сега најбарани, подароци за слави, новогодишни и божиќни украси. Сите креации ми се рачна изработка изработени со многу љубов и внимание.

 

Рингераја: Вработена мајка на мали деца сте. Како успевате постигнете се?

Декоративни ситници:  Работам постојано кога имам слободно време, а најчесто кога дечињата ми спијат, бидејќи секако нив не сакам во ниеден момент да ги запоставам. Идејата за оваа работа ја имав од секогаш, но немав храброст да се одлучам да започнам, мислев дека нема да бидам прифатена од околината, голема подршка добивам од сопругот како и од целото наше семејство.

Рингераја: Потребна ли е некоја обука?

Декоративни ситници: Обука до сега немам посетувано за оваа работа, затоа што и немам сретнато такво нешто тука кај нас, но би посетила доколку има, потребно е трпение, многу внимание и многу љубов кон работата за да се излезе по планираното.

Рингераја: Колку потрошувачите се заинтересирани за вашите производи? Колку нашиот народ ја цени рачната изработка воопшто? Кој производ е најпопуларен и најбаран?

Декоративни ситници: Заинтересираност има повеќе летен период искрено, тогаш има повеќе свадби, а мојата работа е 80% декорациите за свадби моментално најголема заинтересираност има за гајбите со производи за подарок за слави, и новогодишните венчиња за на врата.

Рингераја: Колку сте задоволни од досегашното работење?  

Декоративни ситници: Од досегашното работење сум презадоволна, но секогаш може и подобро нели? Со нови идеи и реализации верувам дека можам и повеќе.

Рингераја: Сите сме погодени од пандемијата, верувам и вашиот бизнис?

Декоративни ситници: На мојот мал бизнис оваа пандемија искрено не влијаеше баш позитивно, многу настани и прослави беа откажани а со тоа се намалија и порачките и побарувачката за моите изработки.

Рингераја: Производите се достапни на Инстаграм. Ваши идни планови? Можеби некој нов производ? 

Декоративни ситници: Нови идеи секогаш има, се инспирирам постојано, сакам да изненадувам позитивно и се надевам дека успева во тоа.

И за крај сите оние кои што имаат некаква идеја и желба за сопствен мал бизнис воопшто да не размислуваат туку веднаш да си почнат со остварување на своите замисли се што се сака може да се постигне и реализира без мака. Бидете единствени и уникатни, само така ќе бидете најдобри.

Благодариме за издвоеното време.

Не заборавајте да го заследите и поддржите овој мал бизнис.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
4
Револуционерен лек за прекумерно потење
Денешната тема е проблемот на зголемено потење и најновата метода во светот со БОТОКС.
3
За вечно младо лице – напиток од три состојки
Тајната на младешкиот изглед не се крие само во скапите кремови, туку и во природните рецепти од зеленчук кои не само шт...
3
Совети за убавина во текот на бременоста
Сте се запрашале ли некогаш како познатите актерки, модели и пејачки изгледаат секогаш средено и совршено за време на бр...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?