vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Стрии:
Бурк мораше да се врати во бикини три месеци по породувањето за да се фотографира за нејзиниот нов календар. Како таа се погрижи нејзиното тело да биде без стрии?
Нанесував масло за тело на колковите, стомакот и градите секој ден по два пати” вели таа. "Може да користите Шеа путер, путер од какао, бадемово масло, или било кое природно масло. Тоа е навистина неопходно."
Нега на коса:
Бурк вели дека на косата на бремените жени и е потребна најдобрата нега. "Се обидувам да ги навлажнам врвовите на мојата коса колку што е можно повеќе со кокосово маслиново или бадемово масло – во принцип било кое масло може да се искористи", вели таа. "Користам богат регенератор и избегнувам да ја сушам косата со фен секогаш кога е тоа можно. Мојот омилен шампон / регенератор во моментов е Kerastase. Ја обожавам нивната маска за коса."
За нега на кожата:
Бурк би можела да се заколне во Биогенетската линија за нега на кожа на Аманда Дарлинг (Amanda Darling Bio Genetic skin care line) " Ги сакам нејзинити производи со тропски витамин Ц и ја менувам мојата рутина за да ги задоволам ограничувањата кои ми ги наложува бременоста.", вели таа. "Никогаш не одам на сонце без заштитен крем -. понекогаш е многу тешко да се контролира т.н "маска на бременоста ". Сфатив дека белењето на кожата, откако ќе се роди бебето, се разбира под надзор на добар естетичар, може да помогне во намалувањето на дамките на кожата.
Кога станува збор за нега за кожата во бременоста, неопходно е да се знае дека за време на бременоста кожата е пермеабилна и чувствителна и бројните етерични масла, кои ги користат трудниците, можат да ја поминат плацентната бариера. Затоа треба да се користат исклучиво под стручен надзор. Не постои точна листа на забранети етерични масла во бременоста, но треба да се избегнуваат следните:босилек, цимет, жалфија, мајоран и тимијан. Во првите четири месеци требва да се избегнуваат етерични масла од ружа, анис и рузмарин. Меѓутоа постојат и етерични масла кои се благотворни во текот на бременоста, како за духот, така и за телото, односно за кожата на трудницата. Во споменатата група спаѓаат цитрусните овошја (мандарина, портокал) гераниум, лаванда, камилица.
Кога говориме за користење на етерични масла во текот на бременоста, најдобро е да го цитираме Парацелзиус, таткото на фармакологијата, кој рекол:”Сите супстанции може да бидат отровни, само вистинската доза го разликува отровот од лекот”
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Колку се чести уринарните инфекции кај децата?
Уринарните инфекции се меѓу почестите бактериски инфекции во детската ...
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...
Преминот од пелени кон нокшир е важен чекор во развојот на детето. ...
Причини за вагинална сувост во бременоста
Бременоста носи бројни хормонални промени што влијаат врз целото тело,...