|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Дали сексот во брак е навистина толку досаден?

Редакција Рингераја, 10.2.2012
Поп културата сака да го прикажува сексот во бракот како нешто неверојатно досадно и лошо, но вистинската состојба не е таква, открива најновото американско истражување

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Сексот во спалната соба на брачните другари воопшто не е досаден, како што го прикажуваат во последните години. Големото истражување кое го спроведе популарната интернет страница iVillage отктива дека добриот сексуален живот им е многу важен на брачните парови.

Интересно е што добриот секс им е посебно важен на жените. Имено, од 1000 жени колку што учествувале во истражувањето, 75% од нив истакнале дека добриот секс со партнерот им е посебно важен, а 16% од нив одговориле дека сексот не им е на листата на важни работи.

Истражувањето открило дека жените, како и мажите, подеднакво иницираат секс во бракот, а интересно е што повеќе од 20% од испитаниците сакаат да испраќаат и добиваат секси СМС пораки. Иако многу се зборува за неверството, истражувањето покажало дека го практикува малцинство, односно околу 10% од испитаниците.

"Општеството го потценува сексот во брак. Го споредуваат со предбрачниот и вонбрачниот, а тоа не би требало да се прави. Брачниот секс е отфрлен и од филмовите како нешто досадно. Со малку фантазија, доверба и еротика, сексот во бракот може да биде неверојатно искуство" истакна сексуалниот терапевт и клинички психолог Бери Мекарти, кој ги објави резултатите од истражувањето.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Заради Хурем сите турчинки станаа црвенокоси!
Турските фризери мораа да набават црвена боја за коса каква што има Meryem Uzerli. На Хуремовата нијанса на косата фризе...
3
Фотографии од венчавката на Ламбе
Венчавка како од бајките! Погледнете ги фотографиите
3
На кафе кај Милена Лунеска
Милена за себе вели дека е пред се мајка, сопруга, па потоа економист и писател. "Годините, а и животот, ме оформиле ка...
3
Разговор со Елена Бошбож
„Сонцето под земја, кралството над него“, Книга 1 - „Неродениот и човекот кој не умре“ , е првата книга од серијалот на ...
3




Анкета

Која коземетика ја користите
milijana



Авон (29%)

Орифлем (21%)

позната фирма (31%)

од парфимерии (17%)

од тезга (2%)


Број на сите гласови: 52

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!