|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

5 работи кои му штетат на детското здравје

Редакција Рингераја, 19.7.2022
Погледнете ги овие 5 работи кои носат повеќе штета отколку корист, па дури и може да доведат до непоправливи последици за здравјето на вашето дете
Клучни зборови:

image
/11


Дубаци

 

Докажаната штета од нив ги надминува очекуваните позитивни ефекти и веќе доведе до забраната во земја како Канада:

• детски повреди (повеќе од 8.000 случаи годишно само во САД);

• неправилен мускулен развој, деформација на стапалата и нозете;

• изобличување на кичмата, поради големото оптоварување (кичмата кај деца под една година се уште не е целосно оформена и не располага со потребните облини);

• одложени самостојни моторни вештини – нема поттик за самостојно одење, не се развива чувство за рамнотежа и инстинкт за самоодржување.

За да се минимизира штетата, важно е да користите проодувалка не повеќе од 2 пати на ден и тоа во период од 15 минути. И што е најважно – тоа да биде дури откако детето се научило да застане на нозе. Важно е да знаете дека консултацијата со ортопед, за да ги одредите контраиндикациите, нема да ви биде воопшто излишна.

Овошни сокови и млеко


1

 

Пастеризираните овошни сокови содржат неколку витамини и големи количества шеќер, што доведува до проблеми со забите и дебелината.

• Педијатрите препорачуваат свежо цедени сокови за деца на возраст над една година, но во ограничени количини. Пастеризираниот сок е подобро да се замени со свежо овошје.

• Полномасно кравјо млеко е со ниска содржина на железо и многу повеќе хранливи материи отколку што се потребни на бебето. Тоа е може да доведе до оптоварување на бубрезите, анемија, алергии и дури дисбактериоза на цревата.

• Кравјото млеко може да се дава на деца на возраст над една година, но не повеќе од 500 мл на ден.

 

Шарени играчки

 

2

 

Во предучилишна возраст преку играчките децата го запознаат светот и добиваат социјални навики. Најновите истражувања докажуваат дека играчки со неприродни бои и електронски звуци го потиснуваат креативното размислување на децата и имаат негативно влијание врз формирањето на личноста. Потоа тоа би можело да доведе до можна појава на агресија и неосновани стравови, депресија во адолесценцијата.

• изберете играчки во пастелни бои и по можност од природни материјали – дрво и платно. Не заборавајте дека играта е првенствено обука, а потоа забава, па играчките треба да бидат што е можно поблиску до реалниот живот.

Топла облека

 

3

 

Колку помало е детето, толку послабо е развиена терморегулацијата, па тоа брзо се лади и се загрева. Прегревањето води до невроза и опасен топлотен удар.

• Премногу топла облека не му овозможува на организмот да изработи правилна заштитна реакција на промените во времето, што доведува до настинки и слаб имунитет.

• Важно е облеката на вашето дете да биде направена од природни материјали и да дише, како задолжително правило е да биде еден слој повеќе од тоа на возрасните. На детето му е удобно, ако стомакот и градите се суви и нозете и рацете се розови и топли.

Електронски уреди

 

4

 

Сината светлина која ја емитуваат модерните LED екрани, доведува до ретинална штета, што може да доведе до макуларна дегенерација. Со текот на времето тоа би можело да доведе до слепило и катаракта.

• При користење на паметни телефони и таблети, детето не добива доволно стимулации од реалниот свет, нема развој на сетилните и фини моторни вештини, нема жива комуникација. Сето ова доведува до недоволно развој на предниот удел на мозокот кој е одговорен за говорот, за социјалниот живот, комуникација, за донесување на одлуки.

• Ограничете ја употреба на овие уреди до 1 час на ден и тоа во попладневните часови. Користете таблети и смартфони само со образовна цел и тоа само ако детето е над 2 години. Во процесот на работа со електронски уреди, детето треба да комуницира со врсници и возрасни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Избираме најубава творба: Јана
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати мајката на Јана
4
Нова епизода на „Кој кого расте“: Религија...
Телевизиската емисија наменета за родители „Кој кого расте“ и водителот Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20...
3
Што повеќе не правам за своите деца?
Постојат моменти кога родителите мислат дека никогаш повеќе нема да бидат во можност да седнат и мирно да испијат една ч...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?