vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/11
Кога снегот се топи и земјата станува зелена станува критично, дури и за најголемите критичари на пролетта, како симбол за вљубувањето, да станат романтични. Сета природа како да ги кани луѓето да излезат надвор и да уживаат во топлото сонце, свежото ветре и во мирисот на свежо искосената трева. Зошто пролетта има таква интензивна моќ врз луѓето? Како оваа сезона успева да го стопли дури и најстуденото срце?
Секој станува помалку или повеќе склон кон флерт, во време кога фустаните стануваат пократки и соблечени се тешките капути, бидејќи никој не се чувствува атрактивно под топлата и тешка облека. Суровата и ладна зима исто така ги ограничува можностите за романтични средби. Како што почнува пролетта, која носи топол воздух и изоболство на сонце, се отвораат можности за прошетки и средби. Пикникот во природа, шетањето во парк и трчањето наутро, се извонредна шанса да го сретнете партнерот кој го очекувавте цела зима. Во текот на пролетта парковите се полни со двојки, некои на прва средба, кои се надеваат дека следните педесет, па и повеќе години ќе ги поминат заедно. Во текот на оваа магична сезона секој сака да се држи за раце и да шета по топлите сончеви зраци, или да ужива во танцот на месечината.
Генерално, ефектот кој пролетта го има врз луѓето е магичен и никогаш нема да биде објаснет во целост. Врската меѓу пролетта и љубовта е необјаснива. Пролетта е доказ дека без разлика колку било ладно и мрачно во зимата, секогаш е можно да се гледа во топлата и светла страна која ја носи пролетта...
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...
Кои се најчестите аномалии на матката?
Матката е важен орган на женскиот репродуктивен систем, во кој се разв...
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...
Планирате бременост? Погледнете ја семејната историја
Планирањето бременост не подразбира само подготовка на телото, туку и ...
Како да препознаете бременост без тест?
Дали постојано сте уморни, чувствувате мачнина или забележувате промен...